Приватните специјализанти се сретнаа со министерот за здравство, но место вработување, добија ново ветување. Првите 300 ќе бидат вработени до април, останатите до Нова година.
-
Македонија 21.02.2025 17:26
-
Македонија 21.02.2025 17:14
Несогласувања за државните вработувања
Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, кои со години работат на договор на дело, истакна вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Претходно на партиски состанок тој најави вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.
-
Македонија 21.02.2025 17:00
Потребни се измени на пет закони за да профункционира системот „Безбеден град“
За поголема безбедност во сообраќајот потребни се измени на 5 закони за да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви јануари 2026-та. Казни ќе има за сите учесници во сообраќајот, ако направат прекршок.
-
Македонија 21.02.2025 16:44
Обвинителството со видеоснимки докажуваше движење на обвинетите за свирепото убиство
Надзорните камери од дворот на куќата во која живеел Велибор Манев ги уловила четворицата обвинети за убиството на Вања и Панче, тврди Обвинителството.
-
Македонија 21.02.2025 16:30
Сиљановска-Давкова: Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна
Нема никаква потреба да се менуваат државниот грб и химна идентични ставови на претседателката Сиљановска-Давкова и првиот академик Попов, по отворените прашања во земјава. Ја одразуваат историјата, а грбот е повеќе со географски обележја.
-
Македонија 21.02.2025 15:10
Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Фактор е на нашиот идентитет и култура и водилка на препознатливост низ мноштвото мајчини јазици на другите. Покрај седумте опфатени со Уставот во земјава, имаме богатство јазици на заедниците. Зборуваат, пишуваат, комуницираат, а годинава за првпат се натпреваруваат.
-
Македонија 21.02.2025 14:15
КАРИЛ се подготвува за реновирање – изготвен план за упатување на пациентите
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат.
-
Македонија 21.02.2025 13:39
Првите казни ќе почнат од 1-ви јануари
Еден од приоритетите на власта е безбедноста на патиштата. Особено по загинувањето на младата Фросина. Проектот „Безбеден град“ треба да го намали бројот на жртви. Денеска на оваа тема нова јавна расправа, каде се присутни министрите за внатрешни Тошковски и за правда Филков. -
Македонија 21.02.2025 13:29
Специјализантите чекаат вработување
Специјализантите денеска на средба со министерот за здравство Таравари. 300 лица требаше да бидат вработени до декември и уште 300 до март, но на десет дена до крајниот рок, ништо не е реализирано. Младите лекари бараат одговори.
Известува Наташа Јанчиќ- Менковски
-
Македонија 21.02.2025 13:16
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче
Ново судење на убиството на младата Вања и велешанецот Панче. Основното јавно обвинителство не го прифати барањето на првообвинетиот Палевски за изземање на обвинителките од предметот.









