Министерот за одбрана Владо Мисајловски како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вчера и денеска учествува на Минхенската безбедносна конференција во Сојузна Република Германија.
-
Македонија 15.02.2025 19:36
-
Македонија 15.02.2025 19:04
МЗ:Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено
Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено.
-
Македонија 15.02.2025 18:46
Истрага за разбојништво на кејот на Вардар
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи.
-
Македонија 15.02.2025 18:19
За шест години за осум пати зголемено стадото елени на Галичица
По шест години од отворањето на Репродуктивниот центар за европски елен во Националниот парк „Галичица“ нивната бројка од 30 е зголемена на 250. За нивниот опстанок се грижат вработените во паркот, кои без разлика на временските услови во текот на зимата ја обезбедуваат неопходната храна.
-
Македонија 15.02.2025 17:55
Здруженијата за заштита на жените бараат измени во Кривичниот законик
Можеше ли да се спречи оваа трагедија. Ова прашање се отвора после секое убиство, кога стануваат видливи институционалните слабости и пропусти. Ова прашање ги мачи родителите на убиената Емилија Пешева.
Насилникот е пријавуван во повеќе наврати.
-
Македонија 15.02.2025 17:38
Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.
-
Македонија 15.02.2025 15:22
Тошковски: Безбедноста е темел на стабилна држава, во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 14 до 16 февруари е дел од делегацијата на Минхенската безбедносна конференција – најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања, која е предводена од премиерот Христијан Мицкоски.
-
Македонија 15.02.2025 14:48
Намален интересот за огрев на дрво
И покрај тврдењата на екологисти дека силна причина за загадениот воздух е огревот на дрва, луѓето од трето доба со поинаков став. Негативниот одговор за надоместок за инвертер клима, но и скромната пензија биле причина, пензионерот Кире да му се врати на огревот на дрво.
-
Македонија 15.02.2025 14:02
Осум осомничени за престрелката во Чаир
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.
-
Македонија 15.02.2025 13:14
Украина ќе го „купи“ мирот
Украина сепак ќе го купи својот мир бидејќи поддршката за него ќе биде условена со нејзините богати ресурси. Таа има што да понуди во преговорите со Европа и со САД.










