Државната изборна комисија денеска треба да ја одржи 116-та седница.
-
Македонија 16.12.2024 08:26
-
Македонија 16.12.2024 08:23
Премиерот Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со Советот на странски инвеститори
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со Советот на странски инвеститори.
Од владината прес-служба соопштија дека по состанокот премиерот Мицоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.
-
Македонија 16.12.2024 08:22
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници. Пратениците во рамки на 24.
-
Македонија 16.12.2024 08:21
Синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи
Доцна синоќа нова полициска акција за сузбивање криминални групи. Извршени претреси во Арачиново и во Чаир, но и во други градови низ земјава. Неофицијално, уапсени членови на нарко-картели, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат.
-
Македонија 16.12.2024 08:09
Седници денеска на шест собраниски комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за култура и туризам, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правна комисија.
-
Македонија 16.12.2024 08:09
Ново рочиште за убиството на Вања и Панче
Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малата Вања и пензионерот од Велес,
-
Македонија 16.12.2024 07:56
Сончево со мала до умерена облачност
Утрото студено, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
-
Македонија 15.12.2024 15:52
Пропаѓаат термини, пациентите не доаѓаат
Од десет жени кои имаат закажан термин за бесплатна мамографија, во кабинетот за дојка во кумановската болница, се јавуваат само по две. Од установата реагираат и повикуваат граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат термини, бидејќи други со месеци чекаат за да закажат преглед.
-
Македонија 15.12.2024 14:42
Полициска акција на МВР, разбиена терористичка организација
Подготвувале акција за дестабилизација, а сакале да индоктринираат и следбеници кои ќе ги поддржуваат нивните терористички активности. Во соработка со меѓународните партнери, домашната полиција уапси четворица по претреси на повеќе локации во Струга и Гостивар.
-
Македонија 15.12.2024 13:58
Итни мерки пред доаѓањето на новата мисија на УНЕСКО
Над 200 клима уреди, антени и соларни панели од куќите во Стариот дел на градот Охрид треба да бидат отстранети. Ова е една од препораките на Унеско, од пред неколку години, кога беше нотирано дека е комплетно нарушена автентичноста и визуализацијата на старото градско јадро.










