Прво од ДУИ нека се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време, му порача премиерот Христијан Мицкоски на Али Ахмети, кој изјави дека ДУИ се согласува за двојни избори в година.
-
Македонија 02.11.2024 17:27
-
Македонија 02.11.2024 16:52
Македонскиот државјанин Васко Саздовски, меѓу загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад
Васко Саздовски на тој кобен ден како и секогаш се подготвувал да замине за викендот да ја посети сопругата и малите синови во Македонија, но паѓањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад била фатална за него.
-
Македонија 02.11.2024 16:17
По извештајот на Европската комисија, потребни се реформи во судството - смета правната фела
Реформите треба да почнат токму од судството бидејќи системот е крахиран и не функционира, смета адвокатот Тони Менкиноски, откако Европската комисија и даде најслаба оценка на Македонија во Европскиот извештај за правосудството, корупцијата и криминалот.
-
Македонија 02.11.2024 15:29
Убиство во Штип, сторителот сам се пријавил во полиција
Убиена е 29-годишна штипјанка Емилија Пешева а осомничен е нејзиниот партнер кој сам се пријавил во полиција и изјавил дека тој го сторил делото. Настанот се случил во вечерните часови близу домот на жртвата, а телото е пронајдено во објект во паркот „Суитлак“.
-
Македонија 02.11.2024 15:00
Со стартот на грејната сезона Охрид се гуши во загаден воздух
И охриѓани дишат загаден воздух. Со стартот на грејната сезона градот се соочува со лош квалитет на воздухот. Мерните станици покажуваат просечно, но во ноќните часови и енормно загадување.
-
Македонија 02.11.2024 11:10
29-годишна штипјанка убиена во близина на нејзиниот дом
Дваесет и деветгодишна штипјанка е убиена во близина на нејзиниот дом.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот 29-годишна жена.
-
Македонија 02.11.2024 09:38
Македонскиот државен и политички врв изрази сочуство за загинатите во несреќата во Нови Сад
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во несреќата во Нови Сад.
-
Македонија 02.11.2024 08:47
Претседателот на Владата Мицкоски ќе изврши надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.
-
Македонија 02.11.2024 08:29
Сончево со мала до умерена облачност
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела.
-
Македонија 01.11.2024 21:31
Почина еден од повредените во пукањето во Арачиново
Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.
Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција, потврдија за МИА од Ургентниот центар.










