Заменик министер пред завршување на изборниот процес годинава доделил 189 решенија на вработените. 98 ги распоредил хоризонтално, а на 68 им доделил решенија за унапредување со што придонесол и за финансиски импликации во буџетот, вели првата антикорупционерка, Димитровска.
-
Македонија 24.07.2024 12:51
-
Македонија 24.07.2024 12:26
Пожарите го вклучија алармот, итна реорганизација на системот за управување со кризи
Пожарите ги разбудија институциите. Системот за управување со кризи е руиниран, призна Управувачкиот комитет за кризи, кој донесе итна одлука за негова обнова. За ваквата состојба, директорот на ЦУК Ангелов вели дека предупредувал со години, но претходната Влада била глува на апелите.
-
Македонија 24.07.2024 12:21
Чадот канцероген за граѓаните
Пожарите го загадија воздухот, зголемено е нивото на ПМ 2,5 честичките. Чадот е опасен за пожарникарите, може да остави и трајни последици врз нивното здравјето, тоа зависи од нивната претходна здравствена состојба, велат лекарите.
-
Македонија 24.07.2024 11:44
Краток спој на електрична инсталација, причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд
Прибраните докази и вештачењето покажале дека краток спој на електрична инсталација е причина за пожарот кој лани се случи во кумановскиот Суд, соопшти Јавното обвинителство.
-
Македонија 24.07.2024 11:26
Полов напад и уцена со компромитирачки фотографии и снимки во Битола
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.
-
Македонија 24.07.2024 11:23
Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари протоколарна работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.
На средбата министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието.
-
Македонија 24.07.2024 11:20
Средба на министерот Муртезани со претставничката на УСАИД, Дајбл
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес имаше средба со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, на која беше реафирмирана американската поддршка во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој
-
Македонија 24.07.2024 11:08
Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер од над 60 километри на час
Управа за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места проследено со пороен дожд и грмежи.
„Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град“, предупредува УХМР.
-
Македонија 24.07.2024 10:49
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
На 23.07.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.
-
Македонија 24.07.2024 10:26
Еден осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново
Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Арачиново.










