Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.
-
Македонија 23.07.2024 20:33
-
Македонија 23.07.2024 20:26
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на ЕБОР
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој.
-
Македонија 23.07.2024 20:12
Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со српскиот претседател Вучиќ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова попладнево оствари телефонски разговор со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
-
Македонија 23.07.2024 19:53
Избрани замениците на министрите
Во Собранието седница за комплетирање на новиот владин состав. Пред пратениците, изборот на заменик-министри. Премиерот Мицкоски рече дека тој не барал меден месец и 100 дена грејс-период. Смета дека новата влада почнала решително и фуриозно. -
Македонија 23.07.2024 19:20
Убиство во гостиварско Дебреше
Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.
-
Македонија 23.07.2024 19:10
Министерот Тошковски на увид во градбата на нова Полициска станица во Аеродром
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, денеска (23.07.2024) извршија увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром.
-
Македонија 23.07.2024 18:38
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица
Вчера во Скопје полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
-
Македонија 23.07.2024 18:04
Муцунски во работна посета на Австрија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.
-
Македонија 23.07.2024 17:29
Претседателката Сиљановска-Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.
-
Македонија 23.07.2024 16:55
Штипски пожарникари повредени при гаснење на пожар
Со тешки телесни повреди заврши работниот ден на командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов, и на неговиот колега Александар Маролов. При интервенција на старата градска депонија двајцата паднале во дол, при што командирот се здобил со скршеници на двете, а Маролов на едната рака.










