На 23.07.2024 околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма“ во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.
-
Македонија 24.07.2024 10:24
-
Македонија 24.07.2024 10:11
Состанок на Управувачкиот комитет за пожарите
Во Центарот за управување со кризи состанок на Управувачкиот комитет за состојбата со пожарите. Известува Викторија Милевска.
-
Македонија 24.07.2024 09:41
Муцунски во прва работна посета на Австрија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, ќе престојува во прва работна посета на Австрија.
-
Македонија 24.07.2024 08:41
МВР: 110 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 24.07.2024 08:39
Осма седница на Антикорупциска комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи осмата седница.
На дневен ред на седницата, како што информираат од ДКСК, се предлог записниците од одржаните шеста и седма седница на Комисијата, како и постапување по конкретни предмети.
-
Македонија 24.07.2024 08:37
Комитетот за координирање и управување со кризи ќе има седница за состојбата со пожарите
Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата ќе биде разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово ќе се одржи во Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 24.07.2024 08:31
На ГП „Богородица“ се чека околу 45 минути
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
-
Македонија 24.07.2024 08:05
Времето денеска променливо облачно, попладне на повеќе места пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
-
Македонија 23.07.2024 21:19
Приведен бегалец од затвор
Денеска полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Ш. (46) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Тој е осуден на казна затвор од една година за кривично дело по член 236 од КЗ, а за доиздржување има 3 месеци и 23 дена.
-
Македонија 23.07.2024 20:57
Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница
Денеска, Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарите кај Старо Нагоричане и с. Брезница.










