Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска го прими градоначалникот на Лајонс, Илиноис, САД, Кристофер Гети.
Средбата беше искористена за размена на искуства за реализација на иновативни проекти на локално ниво.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска го прими градоначалникот на Лајонс, Илиноис, САД, Кристофер Гети.
Средбата беше искористена за размена на искуства за реализација на иновативни проекти на локално ниво.
Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова попладнево оствари телефонски разговор со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, денеска (23.07.2024) извршија увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром.
Вчера во Скопје полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.