И покрај дождот, сè уште има 12 активни пожари во државава. Најалармантно засега е во Општина Македонски Брод, село Тажево кон Брезница. Гори борова шума-се интервенира од воздух.
-
Македонија 20.07.2024 13:19
-
Македонија 20.07.2024 12:18
Топлото време го зголеми бројот на цревни инфекции
Летниот период и високите температури го зголемија бројот на пациенти со цревни инфекции. Инфективното одделение при кумановската болница бележи зголемување на бројот на пациенти со мака со стомакот. Бројката се движи и по 100 пациенти дневно.
-
Македонија 20.07.2024 10:54
СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство
Во текот на изминатата вечер во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.
-
Македонија 20.07.2024 10:30
Жителите на населбата Стопанство кај Градско живеат со смрдеата од биогасната централа лоцирана во соседството
Жителите на населбата Стопанство и дел од Градско, живеат со реата од измет од блиската биогасна централа. Тие реагираат на ваквата состојба, која била присутна уште од првиот ден на отворањето на инсталацијата, пред една година.
-
Македонија 20.07.2024 10:14
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
Вчера во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје.
-
Македонија 20.07.2024 09:50
Мицкоски ќе присуствува на ставање на камен темелник за изградба на нова детска градинка
Претседателот на Владата, Мицкоски ќе присуствува на ставање на камен темелник за изградба на нова детска градинка.
-
Македонија 20.07.2024 09:23
Гужва на ГП „Богородица“ и „Табановце“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, времето на чекање е околу 30 минути.
-
Македонија 20.07.2024 09:02
ЦУК: Во последното деноноќие регистрирани вкупно 35 пожари, 12 се сè уште активни
Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се сè уште активни, а останатите 23 се изгасени. Најалармантно засега е во општина Македонски Брод, село Тажево кон Брезница.
-
Македонија 20.07.2024 08:53
Претпладне сончево и топло, во вечерните часови нестабилно време
Времето денес претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
-
Македонија 19.07.2024 19:48
Апанажа и за Бесими, Бектеши и Лога
Поранешните министри за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, во следните 12 месеци ќе добиваат апанажа поради престанокот на нивниот работен однос во Владата.










