Продолжува трендот на намалување на бројот на заболени од грип. последната недела пријавени се 1.113 случаи или 3,2 проценти помалку од претходната.
-
Македонија 26.02.2026 12:51
-
Македонија 26.02.2026 12:31
Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и злоупотребите на ИПАРД фондовите
Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје ги одобри обвинителните акти поврзани со пожарот во Кочани и со предметот за злоупотреби на средства од ИПАРД програмата.
-
Македонија 26.02.2026 10:26
Вајц денеска ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.
-
Македонија 26.02.2026 09:43
Министерот Андоновски и евроамбасадорот Рокас на презентација на реализирани сајбер-безбедносни реформи
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе се обратат на завршниот настан на проектот „ЕУ поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во С. Македонија“.
-
Македонија 26.02.2026 09:20
Јавна расправа во Собранието за избор на член на Судскиот совет, шест кандидати ги исполнуваат условите
Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред е Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.
-
Македонија 26.02.2026 09:01
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
-
Македонија 26.02.2026 08:47
Албанскиот претседател Бегај во посета на Општина Чаир и Старата скопска чаршија
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.
-
Македонија 26.02.2026 08:20
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 26.02.2026 08:19
Во Собранието седница за пратенички прашања
Во Собранието денеска ќе се одржи 86-та пленарна седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.
Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.
-
Македонија 26.02.2026 08:18
Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Денеска се одбележуваат 22 години од авионската несреќа во Мостар во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски ќе биде одбележана во Скопје, во неговата родна Струмица









