Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии е второто читање на Предлог на законот за органско земјоделско производство.
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии е второто читање на Предлог на законот за органско земјоделско производство.
Утрово најниска температура од минус 6 степени е измерена во Берово, додека минус 4 степени се регистрирани во Крива Паланка. Минус 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка.
Од 18.30 часот обиколницата околу Битола заради свлечиште е затворена за сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува преку градот Битола, екипите на Ј. П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија.
Во текот на вчерашниот ден, полицијата лишила од слобода четири возачи на територијата на државата поради тешки сообраќајни прекршоци, додека со еден малолетник е извршен службен разговор за управување возило без дозвола.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршната фаза од изградбата на новиот објект „Изворче“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две службени лица и едно правно лице, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со што бил оштетен буџетот на општината за 1.457.205 денари.