Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 16.08.2021 09:50
-
Македонија 16.08.2021 09:47
Прагот за потписи ист, се кројат листите
Премиерот Заев по разговорот со спикерот Џафери потврди - договорено е да не се продолжува со процедурите за измени во Изборниот законик.
-
Македонија 16.08.2021 09:35
Состојбата со Ковид-19 во Тетово алармантна
За 24 часа хоспитализирани се 12 лица во тетовската болница, а пет починаа.
-
Македонија 16.08.2021 09:21
Сушата и жештините се закануваат на родот
Сушата и жештините целосно ја исцедија и последната капка влага од земјата. Недостатигот на вода за наводнување дополнително ја влоши состојбата, бидејќи водостоите на реките и акумулациите се на многу ниско ниво или речиси празни, а подземните води се драстично намалени.
-
Македонија 16.08.2021 09:16
Почнува собирањето потписи за независни листи
Постапката за собирање потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30-ти август на полноќ. Во меѓувреме повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори.
-
Македонија 16.08.2021 09:12
Во Авганистан има околу 100 македонски државјани, Владата подготвена да прифати цивилно население
По влошувањето на безбедноста состојба во Aвганистан, таму се уште има околу 100 наши државјани, но засега, како што информираше Mинистерството за надворешни работи, сите се на безбедни локации.
-
Македонија 16.08.2021 09:02
Стапуваат на сила новите рестриктивни мерки
Од денеска е потребен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 за влез во ресторани, концерти или на спортски настани.
-
Македонија 16.08.2021 09:00
Сончево и топло до среда, од четврток посвежо
Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.
-
Македонија 15.08.2021 18:31
805 нови случаи со Ковид-19, 10 починати
Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип
-
Македонија 14.08.2021 09:56
Расте бројот на заразени со Ковид-19, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат
Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6.770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени.










