Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6.770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени.
-
Македонија 14.08.2021 09:56
-
Македонија 14.08.2021 09:21
Пунктовите за вакцинација работат и денеска, без закажување
Министерството за здравство информира дека пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ државата ќе работат во текот на денешниот ден.
„Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден“, додаваат од МЗ.
-
Македонија 14.08.2021 09:19
ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев пред Мицкоски
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во водоство пред владејачката партија СДСМ, додека поголема доверба од испитаните добил лидерот на СДСМ ,Зоран Заев, а втор на листата е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски- покажуваат резултатите на најновата анкета на јавното мислење на Националниот демократс
-
Македонија 14.08.2021 09:03
„Не е совршен, но го помина тестот на времето“- 20 години од потпишувањето на Охридскиот договор
Охридскиот Рамковен договор беше патоказ за демократијата и почитувањето на сите заедници во државата. Се трансформиравме во општество кое создава успешна слика за државата – беше кажано од панелистите на одбележувањето на 20- годишнината од потпишувањето на договорот.
-
Македонија 14.08.2021 08:54
Околу 30 минути се чека за влез и излез на Табановце
На граничниот премин Табановце утринава се чека околу 30 минути за влез и излез од земјава, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања, информира Авто мото сојузот на Македонија.
-
Македонија 08.08.2021 17:04
Драстичен скок на заразени со Ковид-19, нови мерки по 15-ти август
По 15-ти август стартува забраната за сите настани и прослави во затворен простор. Ваква одлука донесе Владата на седница по пораст на бројките на новозаразени од коронавирусот.
-
Македонија 24.07.2021 19:28
Од ревакцинираните граѓани, само 0,02 отсто се заразиле со Ковид-19
Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини против Ковид-19, 96 биле позитивни на коринавирусот по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со Ковид-19 што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 23.07.2021 16:47
Стартува изградбата на брана на реката Отиња во Штип
Со пет милиони евра од државниот буџет ќе се гради брана на река Отиња во Штип. Шестдеценискиот сон на штипјани за две ипол години треба да стане реалност, предвидено е да се гради камено- земјена брана висока 33 метри.
-
Македонија 23.07.2021 16:42
Охридскиот регион не е ставен на листата на наследства во опасност
Охридскиот регион, сепак не е ставен на листата на светски културни и природни наследства во опасност.
-
Македонија 23.07.2021 16:24
Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Тортура“
Образложувајќи ја ослободителна пресуда, судијката Ристеска рече дека обвинителот не докажал вина.









