Сѐ уште е неизвесно кога ќе биде закажана собраниската седница за Петтиот пакет економски мерки. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека помошта не е доволна. Сепак, од партијата уште еднаш го повикуваат парламентарното мнозинство на разумно, државничко, одговорно и ефикасно дејствување.
-
Македонија 15.04.2021 14:41
-
Македонија 15.04.2021 14:22
Наредните денови ќе се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки
По мини-пикот од третиот бран, бројот на хоспитализирани се намалува, вели министерот за здравство. Филипче уверува дека се следат состојбите и во болниците и наредните денови ќе се одлучува дали ќе останат или ќе има олабавување на рестриктивните мерки.
-
Македонија 15.04.2021 13:50
Ќе се дигитализираат услугите во образованието
Наместо да носат документи во уличиштата, родителите своите првачиња ќе ги запишуваат онлајн, објави министерката Царовска. Се дигитализираат и услугите за нострификација на дипломи стекнати во странство, а преку Интернет ќе се аплицира и за студентски и ученички стипендии.
-
Македонија 15.04.2021 12:59
Парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 15.04.2021 12:29
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.687 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 15.04.2021 12:24
Во ковид- центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 68 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 15.04.2021 12:18
Царовска: Електронски упис на првачињата од мај
Од мај оваа година, уписите за основците ќе бидат онлајн и со тоа ќе се намали метежот во училиштата, изјави министерката Царовска која промовираше дигитални услуги во образованието.
-
Македонија 15.04.2021 12:07
Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Третиот ковид- бран стивнува, вели министерот за здравство Венко Филипче. Бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 деновиве се пониски. Денеска има околу 890 нови случаи. Тоа го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата.
-
Македонија 15.04.2021 11:39
Филипче: 200.000 кинески вакцини пристигнуваат од 28-ми април
Двесте илјади кинекси вакцини на 28-ми април пристигнуваат во земјава, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада.
-
Македонија 15.04.2021 10:54
Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години
Од денеска ќе може да се вакцинираат граѓаните на возраст под 75 години, кои се пријавени преку апликацијата „vakcinacija.mk“ или преку матичните лекари.










