Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31-ви мај 2021-ва година. Апликациите можат да се поднесат електронски, преку интернет- страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-
Македонија 05.04.2021 13:04
-
Македонија 05.04.2021 12:55
Шахпаска: Протоколите во градинките строго се почитуваат, состојбата е стабилна
Бројките се стабилни и нема екстремно покачување на бројот на заразени со Ковид-19 во градинките. Протоколите строго е почитуваат, соопшти денеска министерката за труд, Јагода Шахпаска.
-
Македонија 05.04.2021 12:55
Марка со ликот на Блаже Конески пуштена во оптек
Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денес е во оптек во 6.000 примероци, со што „Пошта на РСМ“ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање.
-
Македонија 05.04.2021 12:22
Седница на Влада, се очекуваат нови рестриктивни мерки
Владата денес во 13 часот преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница. Во фокус актуелната состојба со коронавирусот во земјава.
-
Македонија 05.04.2021 12:17
АХВ: Повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс
Поради сомнеж за физичка контаминација (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази- Царски микс“ по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување о
-
Македонија 05.04.2021 12:08
Стоилковски: 300 Ковид погреби во неделата додека Заев и Филипче летаат со хеликоптер
На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека има 300 починати Ковид пациенти за една недела, а Заев и Филипче летаат со хеликоптер, наместо да спасуваат животи, исто така додаде и дека премиерот и министерот повторно излажале за почетокот на вакцинацијата
-
Македонија 05.04.2021 12:03
10 прекршоци на забраната за движење, 417 санкции за неносење маска
Од 22.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.
-
Македонија 05.04.2021 11:56
Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првообвинет во „Трезор“, во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК, тврди одбраната. Во завршните зборови неговите адвокати посочија дека целото обвинение е конструкција.
-
Македонија 05.04.2021 11:46
Во Скопје за 24 часа хоспитализирани 50 нови пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 05.04.2021 11:39
На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 1720 Ковид пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1021 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.










