Собранието не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Расправата траеше 12 часа. „За“ интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 беа „против“, а ниту еден воздржан.
-
Македонија 04.02.2021 09:53
-
Македонија 03.02.2021 16:55
Протестен марш под мотото „Јавна соба е кривично дело“
Поддршка за девојките чии фотографии беа споделувани во „Јавна соба“. Демонстрантите упатија порака до жртвите дека не се сами. Ги повикаа институциите навремено да реагираат.
-
Македонија 03.02.2021 16:33
Се одбележува Неделата на улични продавачи
Се одбележува Неделата на уличните продавачи. Струга го има најдобриот уличен продавач во земјава.
„Среќен сум што овие денови ќе продавам со спортистите“, вели Игор Шајноски момче со Даунов синдром.
-
Македонија 03.02.2021 16:27
350 нови случаи со Ковид-19, починати 20 лица
Во последните 24 часа се направени 2.291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Шти
-
Македонија 03.02.2021 16:07
Се шири гасоводната мрежа во Куманово
Се шири гасоводната мрежа во Куманово. Екипите на јавното претпријатие „Куманово гас“ работат на изградба на нова мрежа од градската џамија до детската градинка. Со ова се создаваат услови и за гасификација на општата болница, која сѐ уште се затоплува на мазут.
-
Македонија 03.02.2021 16:03
Оризопроизводителите најавуваат блокада на патот Штип-Кочани и бојкот на пописот и локалните избори
Целосна блокада на регионалниот пат Штип – Кочани најавуваат оризопроизводителите, доколку до 15-ти овој месец не им бидат исплатени субвенциите. Не се задоволни од висината на субвенционирањето по хектар и бараат оризовата арпа да се откупува за 25 денари, а белиот ориз од 55 до 60 денари.
-
Македонија 03.02.2021 15:59
Над половина од матурантите сѐ уште ја бојкотираат наставата
Бојкотот на наставата продолжува и денеска со исто темпо, во градовите каде како што велат од Сојузот на средношколци, имале поголемо влијание, но и теренски активности каде матурантите доволно се запознале со проблемите поврзани со државната матура.
-
Македонија 03.02.2021 15:40
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 568 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 328 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 03.02.2021 15:37
Здравствените работници се пријавија, се чекаат насоки за имунизацијата
Околу 400 здравствени работници што се две третини од медицинскиот персонал во прилепската болница и половината од вработените во Центарот за јавно здравје се на списокот во Министерството за здравство за вакцинација од коронавирусот.
-
Македонија 03.02.2021 15:32
Пратениците расправаат за интерпелација на вицепремиерот Димитров
Не само што не добивме почеток за преговори со Европската унија, туку и државата оди назад, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ образложувајќи го барањето за отповикување на вицепремиерот за европски прашања Димитров.










