Османи на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна и одбранбена политика Жозеп Борељ ја поздравил поддршката за европската перспектива на регионот и конкретните иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет на земјите од Западниот Балкан.
-
Македонија 28.09.2020 16:10
-
Македонија 28.09.2020 16:03
Завршни зборови на одбраната на Јанакиески за „Насилство во Центар“
Екс-министерот Јанакиески не бил близок соработник на поранешниот премиер Груевски. Да бил, немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС-пораки, кажа во завршниот збор неговиот бранител, Еленко Миланов.
-
Македонија 28.09.2020 15:56
Тестирање на националната платформа за далечинско учење
Националната платформа за онлајн учење се тестира. Наставниците и учениците се соочија и со првите проблеми. Дел од нив не можа да влезат во системот, иако имаат лозинка.
-
Македонија 28.09.2020 14:48
Учениците логирани, наставниците одржаа пробни часови, падот ќе се санира
Околу 280.000 ученици во земјава се логираа на националната платформа за настава на далечина. Наставниците денеска, утре повторно, ги одржаа пробните часови со учениците. Искуствата различни, но сепак задоволителни.
-
Македонија 28.09.2020 14:41
Втор случај на заразена воспитувачка во битолска градинка
Само 20-ина дена од првиот, од битолската градинка „Коца Василева“ информират за нов случај. Ово јпат воспитувачка позитивна на Ковид- 19 и нема меѓусебна поврзаност. Новозаразената е резултат на надворешен кластер.
-
Македонија 28.09.2020 14:29
Спасовски за инцидентот во Битола: Да се разгледаат сите факти, па да се носи суд
Ќе се сочекаат сите информации за инцидентот во Битола со Ромите, па потоа ќе се носи суд за настан, изјави министерот за внатрешни Спасовски. Постапката е во фаза на истрага. Не треба да се оправдува насилство, но и да не се генерализира инцидентот.
-
Македонија 28.09.2020 14:21
Четири прекршочни постапки за службеници кои не постапиле по барања за информации од јавен картактер
Поведени четири прекршочни постапки за службеници кои не постапиле по барања за информации од јавен картактер, соопштја од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
-
Македонија 28.09.2020 14:16
Мерки: За СДСМ директна помош за граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ гол популизам
Со четвртиот сет мерки се обезбедени 470 милиони евра, пари кои како директна помош и поддршка ќе завршат кај граѓаните и компаниите- велат Социјалдемократите. Од владејачката партија посочуваат дека една од основните компненти е зајакнување на приватната потрошувачка.
-
Македонија 28.09.2020 13:31
Одбраната на Јанакиески бара да се повлече обвинението за случајот „Насилство во Центар“
Завршни зборови на одбраната на Миле Јанакиески во скопскиот Кривичен суд за случајот „Насилство во Центар“. Адвокатот Димитар Дангов му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески.
-
Македонија 28.09.2020 13:17
48 нови случаи со Ковид-19, четворица починати, 61 оздравен пациент
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.









