Веќе неколку дена водостојот на Охридското Езеро расте по два сантиметри дневно,па така денеска нивото на езерото достигна до 13 сантиметри над максимално дозволената кота.
-
Македонија 22.03.2018 16:40
-
Македонија 22.03.2018 16:26
Се истражува случајот со повредените војници
Повредени двајца професионални војници на македонската Армија од тетовската касарна „Кузман Јосифовски- Питу“. Настанот се случил по враќање од воената вежба во Штип.
-
Македонија 22.03.2018 16:17
Снегот нема да направи штети на овошките
Влажниот бран проследен со пролетниот снег ги вознемирува овоштарите, а на земјоделците им ги потврди претпоставките за одлагање на почетокот на пролетната сеидба за најмалку половина месец. Драги Јаневски од село Бистрица, цел свој работен век го посветил на овоштарството.
-
Македонија 22.03.2018 15:47
Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени
Полицијата заплени 91 килограм марихуана. Приведени тројца кои се обиделе да ја донесат во Скопје. МВР им подготвило заседа на влезот и излезот во Кичево. Дрогата била складирана во вреќи и патничка торба, сместени на задното седиште и во багажникот на автомобилот, во кој се превезувале двајца.
-
Македонија 22.03.2018 15:33
Кривична за поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство
Кривична пријава за поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Финансиската полиција го сомничи за злоупотреба на службената положба при постапката за возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.
-
Македонија 22.03.2018 15:17
Се намалува бројот на заболени од грип
Во текот на изминатата недела во Република Македонија се регистрирани 1.304 заболени од грип, што е намалување за 31 отсто споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 1.980 заболени од грип, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 22.03.2018 14:57
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати
Од СДСМ реагираат- ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон законот којшто веќе еднаш го прифати. Никој не е над Уставот, Иванов има должност да потпише.
-
Македонија 22.03.2018 14:46
МВР: Запленети 91 килограм марихуана, приведени три лица
Полицијата вчера во Кичево привела тројца скопјани и заплени 91 килограм марихуана. Против нив и за уште двајца од Струга и едно лице од Скопје, се поднесени кривични пријави. Дрогата ја набавиле од Албанија за да ја пренесат во Скопје.
-
Македонија 22.03.2018 14:40
Граѓански здруженија протестираа против промена на името
Итно да престанат разговорите со Грција, Македонија да влезе во меѓународните институции под уставно име- побараа членовите од неколку граѓански здруженија, кои се обединија под името „Народен фронт за спас на Македонија“.
-
Македонија 22.03.2018 14:19
Закерберг: Откривме профили за лажни вести од Македонија
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг во интервју за СИ-ЕН-ЕН изјави дека во 2017-та година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, компанијата употребила нови алатки со цел да се откријат лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести.










