Освен видот на гласовите, за Брисел е исклучително важен и процентот на граѓани коишто ќе излезат на претстојниот референдум. Ова го изјави почесниот француски амбасадор Ален Ле Роа, кој пренесе дека ЕУ ќе го поддржува до крај Преспанскиот договор и неговата имплементација.
-
Македонија 21.09.2018 14:41
-
Македонија 21.09.2018 14:35
ДИК: Утре до полнок пријавување на болните и изнемоштени лица
Најдоцна утре до полноќ, до Општинските комисии да се пријават болните и немоќните лица кои сакаат правото на глас на референдумот да го остварат во своите домови.
-
Македонија 21.09.2018 13:29
Кукан и Флекенштајн: Очекуваме позитивен исход од референдумот
Европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн се оптимисти дека престојниот референдум ќе биде успешен. Граѓаните треба да донесат историска, важна одлука која ќе влијае на иднината на земјата, порача Кукан.
-
Македонија 21.09.2018 13:06
Секое четврто дете во Македонија е сиромашно
Секое четврто дете во земјава, е сиромашно. Едно од триста деца од сиромашни семејства не оди во градинка, а само две од три го продолжуваат школувањето, велат од Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 21.09.2018 12:59
Шекеринска: Лага е дека Грција ни ги подготвија уставните измени
Лага е дека Грција ни ги подготвила и ни ги доставила уставните измени, вели вицепремиерката Радмила Шекеринска. Тврди, со Преспанскиот договор, за измени во Уставот обврските се наши, а не грчки. Уставните измени ќе следуваат откако граѓаните ќе го кажат своето мислење.
-
Македонија 21.09.2018 12:35
Метео: За викендот сончево, заладување од вторник
Во текот на викендот во Македонија и натаму се очекува сончево и топло време со мала облачност. Утре дневната температура ќе достигне до 34 степени.
Во недела ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе останат со високи максимални вредности.
-
Македонија 21.09.2018 12:13
ЈОРМ формира комисија за следење евентуални нерегуларности на референдумот
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот, и за таа цел е формирана Комисијата, а за претседател е назначен обвинителот Џељаљ Бајрами.
-
Македонија 21.09.2018 11:13
Седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу останатото, треба да разгледа барања за добивање овластувања за набљудување на референдумот на 30 месецов.
-
Македонија 21.09.2018 11:01
Почна жетвата на оризот
Оризопроизводителите годинава очекуваат добри приноси. Поволните временски услови треба да овозможат да се ожнеат скоро 4.300 хектари од оваа култура.
-
Македонија 21.09.2018 10:24
Претседателот Иванов во Детроит, ќе одржи предавање на државниот универзитет „Вејн“
Претседателот Иванов ја почна официјалната посета на Соединетите Американски Држави. Ќе има средби со дијаспората и обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации. Во Детроит шефот на државата ќе одржи предавање на државниот универзитет „Вејн“.










