• Македонија 22.03.2018 10:40

    Протест против промена на името

    „Стоп на преговорите за името, Македонија на Македонците!“- Неколку здруженија на протест пред доаѓањето на грчкиот министер за надворешн работи, Никос Коѕијас.

  • Македонија 22.03.2018 08:35

    Снегот го отежнува сообраќајот

    Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камниони на регионалниот пат Дебар-Маврово.

  • Македонија 22.03.2018 08:32

    Коѕијас пристигнува во Скопје

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, доцна попладне ќе допатува во дводневна посета на Македонија, за првпат по 12 години со авион, директно од Атина.

  • Македонија 21.03.2018 16:32

    Протести за случајот „Алмир“

    Нема правда, нема мир! Ова е пораката од протестот за малиот Алмир пред Владата. Демонстрантите бараат повторно отворање на случајот, но не во Куманово. Мајката рече дека нејзиниот син нема да се врати, но другите деца мора да живеат на слобода. Се надева дека правдата ќе дојде.

  • Македонија 21.03.2018 16:26

    Потребни се системски решенија за лицата со Даунов синдром

    Сѐ уште е недоволен бројот на системски решенија за поддршка на лицата со Даунов синдром, велат од Центарот. Очекуваат во наредниот период да се отворат сервиси за медицинска и психолошка поддршка кои ќе помогнат во социјализирањето.

  • Македонија 21.03.2018 16:06

    Дигитализација и транспарентност за ефикасни административни реформи

    Недостигаат јасни критериуми и транспарентост во назначување на државните службеници и трошењето на јавните пари. Со послаби оценки за минатата година, наспорти 2016-та, европските експерти ги оценија реформите на јавната администрација.

  • Македонија 21.03.2018 15:36

    Три нови истраги на СЈО, опфатени 25 физички и четири правни лица

    „Попис“, „Моќник“ и „Актор“ се трите нови истраги кои ги отвора Специјалното јавно обвинителство. Во случајот „Попис“ осомничени се поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и сегашниот претседател на ДУИ.

  • Македонија 21.03.2018 15:22

    Метео: Од утре заладување и снег

    Под влијание на студена воздушна маса утре во Македонија се очекува облачно и студено време со врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Само во југоисточните делови се очекуваат врнежи од дожд.

    Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. На повеќе места ќе се формира снежна покривка.

  • Македонија 21.03.2018 14:57

    Груевски: Случаите на СЈО- дефокусирање на јавноста

    Поранешниот премиер Груевски ги отфрла обвинувањата на Специјалното обвинителство за вмешаност во случаите „Попис“ и „Актор“. Тврди дека Владата води политичка хајка и сака со вакви случаи да ја дефокусира јавноста од плановите за промена на името и за воведување двојазичност.

  • Македонија 21.03.2018 14:50

    Отчет за трошењето на народните пари

    За првпат од осамостојувањето на земјава, јавноста ќе има увид во трошењето јавни пари од функционерите во Владата.

Pages