Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде што локално може да наврне над 15 литри на метар квадратен.
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде што локално може да наврне над 15 литри на метар квадратен.
СДСМ реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за економските политики. Од владејачката партија велат дека економските параметри ги демантираат неговите празни зборови.
Официјална Москва смета дека плановите, Македонија да биде внесена во НАТО, може да имаат негативни последици по регионалната безбедност и билатералните односи меѓу двете земји.
Врховниот суд денеска ја почна, но кусо потоа даде пауза на јавната седница на која треба да решава за притворите на обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија, од 27 април минатата година.
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска е во официјална посета на Турција. По разговорите со турскиот министер за одбрана Џаникли, на агендата и средба со премиерот Бинали Јилдирим и шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.
Грција ја испратила до властите во Скопје, нацрт- спогодбата за можно решение за името, открива шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за ЕРТ.
Сообраќајот по регионалниот пат Маврови Анови - Дебар е нормализиран по интервенцијата за расчистување на одронот кај месноста Трница.
Повремени врнежи од дожд, а на планините снег, најавува за утре УХМР. Повеќе врнежи ќе има во северозападна Македонија каде локално ќе наврнат над 15 л/м 2.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира поради ослободување на обвинетите во случајот „Сопот“, што според партијата била една од точките во платформата потпишана во Тирана на 7-ми јануари 2017-та година, а една година подоцна СЈО ги ослободи со образложение дека немало докази.
Поради одронот од камења и земја кој утрово падна на коловоозот, сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар се одвива отежнато и е забранет за товарни возила.