Министерството за здравство соопшти дека во Република Македонија нема инсулинска криза. Преку донација од компанијата производител, посочуваат од Министерството, се обезбедени доволни количества инсулин во земјава.
-
Македонија 27.12.2017 15:35
-
Македонија 27.12.2017 14:56
Од утре бесплатен јавен превоз во Скопје
Од утре јавниот превоз во Скопје ќе биде бесплатен, најави градоначалникот Шилегов. Мерката ќе важи до намалување на загаденоста на воздухот.
-
Македонија 27.12.2017 14:34
Судењето за случајот „Насилство во Центар“ ќе почне од почеток
Судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ во новата година тргнува од почеток. Причината е тоа што судијата со новиот годишен распоред во Кривичен е распореден во друг оддел.
-
Македонија 27.12.2017 14:30
Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на средба за идното функционирање на Собранието
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.12.2017 14:25
Изготвени измени на закони во правосудството и внатрешните работи
Владата ќе го достави до Собранието предлог- законот за основање на Оперативно-техничка агенција.
-
Македонија 27.12.2017 14:20
Метео: Дожд и снег на планините
Под влијание на влажен воздушен бран во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
-
Македонија 27.12.2017 13:05
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи да ја исправат неправдата
Изминуваат 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.12.2017 13:03
Се одложи судењето за насилството во Центар
Судењето за насилството во Општина Центар ќе почне од почеток. Причината за ова е смена на судечкиот судија, кој согласно со новиот годишен распоред ќе суди во друг оддел.
-
Македонија 27.12.2017 12:59
Царовска: Трансформација на институциите за згрижување
Децата без родители и родителска грижа згрижени во институциите во Скопје ги знаат месеците, бројат чекајќи го денот кога ќе бидат сместeни во згрижувачко семејство. Оваа форма е најблиска до биолошката заедница.
-
Македонија 27.12.2017 12:46
Бошњаковски: Нема инсулинска криза
Одговарајќи на новинарско прашање, владиниот портпарол Миле Бошњаковски ги отфрли тврдењата дека има недостиг од инсулин во земјава.










