Од 1-ви јануари документацијата за Изводот од матичната книга на родени за новороденче ќе се доставува во просториите на стара Комерцијална банка, во близина на Камениот мост.
-
Македонија 26.12.2017 12:37
-
Македонија 26.12.2017 12:24
Заев: Подготвен сум за соработка со сите политички субјекти, сѐ уште нема решение за името
Подготвен сум за соработка со сите, вели премиерот Заев, по најавата дека Алијансата за Албанците на Зијадин Села излегува од Владата, откако ќе се донесе Законот за јазиците.
-
Македонија 26.12.2017 12:12
Одложено судењето за „Траекторија“ за 31-ви јануари
Судењето за „Траекторија“ е одложено за 31-ви јануари. Судијката Верка Петковска која е дел од Судскиот совет по Нова година е распоредена во друг оддел, па судењето ќе треба да почне од почеток.
-
Македонија 26.12.2017 11:15
Прилеп: Новогодишна прослава со хумана цел
Дома, со семејството и пријателите и без многу патувања и хотелски аранжмани. Ваков е одговорот на прилепчани за пречекот на Новата 2018-та година. Градот украсен, елката е на старото место, но граѓаните штедливи во трошењето, освен кога се во прашање децата и нивните желби.
-
Македонија 26.12.2017 10:50
Најзагаден воздухот во Лисиче и кај Ректоратот
Воздухот во последното деноноќие во Скопје најзагаден бил во Лисиче и кај Ректоратот. Мерните станици регистрирале највисоки концентрации во Лисиче во 21 часот од 577 микрограми на метар кубен, а кај Ректорат се регистрирани 532 микрограми во 22 часот.
-
Македонија 26.12.2017 10:44
Ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија во матичната собраниска комисија
Предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.
-
Македонија 26.12.2017 10:29
Апелација треба да се произнесе по жалбата за случајот „Поткуп“
Скопска Апелација треба да се произнесе по жалбата на одбраната на Заев за случајот „Поткуп“, ПИ-мерките да не бидат дел од доказната постапка, бидејќи делови беа јавно објавени на видео сервисот „Јутјуб“.
-
Македонија 26.12.2017 10:22
Субвeнции за плати на овчарите
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височи над 700 метри сточарите имаат право на субвенционирање на платите.
-
Македонија 26.12.2017 10:20
Седница на Синодот на МПЦ
Денеска седница на Синодот на Македонската православна црква, на која меѓу другото се очекува да се детализираат одредени ставови по барањето до Бугарската црква да биде духовна мајка на МПЦ, за да помогне во воспоставувањето на автокефалниот статус.
-
Македонија 26.12.2017 09:30
Ново рочиште за случајот „Труст“
Во скопска единица рочиште и за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица. Во тек е доказната постапка.
На предходните судења беа сослушани вештаци. Апелација одлучи дека таканаречените „бомби“ може да се користат како докази.










