Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска напладне ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.
Редовното годишно обраќање на Претседателот на РМ пред законодавниот дом е предвидено со Уставот на државата.
Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска напладне ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.
Редовното годишно обраќање на Претседателот на РМ пред законодавниот дом е предвидено со Уставот на државата.
Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на четворицата, кои сѐ уште се недостапни на органите на прогонот, а кои се опфатени во предметот за собраниските настани од 27-ми април.
Откажан е утрешниот штрајк на машиновозачите. Вработените во МЖ-Транспорт се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука. Очекуваат до крајот на неделава во целост да им биде исплатена ноемвриската плата.
Собранието попладнево ги констатираше поднесените оставки од членовите на Државната изборна комисија. На пленарната седница, Венко Филипче е избран за нов министер за здравство на Македонија. Положи заклетва.
Претседателот Иванов го прими новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведуваат од Кабинетот на шефот на државата, тој на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата.
„Ќе ја вратам изгубената доверба во обвинителството и ќе се дистанцирам од центрите на моќ“, заклетва на новиот државен обвинител, Љубомир Јовески. Вели дека е пред голем предизвик обвинителството да го профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела.
Граѓаните најзадоволни од услугата на Министерството за внатрешни работи за издавање документи, најмногу критики за Центарот за социјални услуги- ова го пoкажува истражувањето на Центарот за европски стратегии. Се опипувал пулсот на јавноста за работењето на јавната администрација.
На утринската свечена литургија верниците му се помолија на Бога за духовен мир и здравје, за себе и за ближните. Овој ден, велат е највозвишен од сите. Божикното утро ја носи најголемата радост, веста за раѓањето Христово. Верниците кои денеска го празнуваат Божик си посакаа многу желби.
Снимката во која се гледа дека премиерот Зоран Заев, тогаш градоначалник на Струмица бара поткуп од локален бизнисмен е направена со агент провокатор– смета адвокатот на претседателот на Владата.
Не е спорно дека со Бугарите имаме многу сличности и заеднички моменти, но не сме исти. Мора да ги разграничиме посебностите односно различностите и сличностите, да не ги мешаме на штета на јазикот, државата па и црквата, вели митрополитот Г.