Поранешниот министер без ресор Самка Ибраимовски стана пратеник. Дојде на местото на Васко Ковачевски кој стана директор на РЕК Битола. Наследник на Стево Пендаровски, кој е поставен за национален координатор за НАТО, ќе биде Далибор Богдановски.
-
Македонија 22.12.2017 15:56
-
Македонија 22.12.2017 15:04
Агенција за пошти: Онлајн тргување само со проверени продавачи
Кога некој продава неовластено на социјалните мрежи се обраќа до поштенски оператор. Тој ја доставува пратката и при евентуално утврдување на оштетеност, купувачот одговорноста ја префрла единствено врз операторите. Ова е најчест пример со кој се соочува Агенцијата за пошти.
-
Македонија 22.12.2017 14:51
Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски одложена за 5-ти јануари
Судската пресуда во Солун за екстрадиција поранешните разузнавачи Грујевски и Бошкоски, обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“ на СЈО, е одложена за 5-ти јануари, поради необезбеден преведувач на македонски јазик.
-
Македонија 22.12.2017 14:11
Годинава 122 загинати во 7.330 сообраќајки во Македонија
Годинава 122 загинати во над 7.300 сообраќајни несреќи во Македонија. Републичкиот завод за безбедност ги претстави податоците. Опфатен е периодот од јануари до ноември.
-
Македонија 22.12.2017 14:00
Метео: Променливо облачно за викендот, снег во северните делови
За време на викендот во Македонија се очекува променливо облачно време. Утре ќе настапи зголемена облачност со провејување на снег во северните делови и на планинските предели.
Ќе дува повремено засилен северен ветер кој што на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.
-
Македонија 22.12.2017 13:49
Исклучените домаќинства од централно градско греење нема да плаќаат паушал во 2018-та
Македонската Влада тврди дека исклучените домаќинства од централното градско греење од наредната година нема да плаќаат паушал. Планот е ова прашање да се реши во рамките на новиот Предлог- закон за енергетика.
-
Македонија 22.12.2017 13:03
Премиерот Заев доби покана од британската премиерка Меј за јулскиот самит во Лондон
Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Гарет му врачи писмо на премиерот Заев од „Даунинг Стрит број 10“. Шефицата на Британската влада, Тереза Меј го покани да учествува на јулскиот самит во Лондон за Западен Балкан, што е дел од Берлинскиот процес.
-
Македонија 22.12.2017 12:58
Судењето за „Таргет- Тврдина“ одложено за 17-ти јануари
Првото рочиште за случајот „Таргет- Тврдина“ се одложи поради неисполнети законски претпоставки. Судијката Давидковска образложи дека еден од адвокатите на обвинетиот Сашо Мијалков побарал од судот да го одложи рочиштето бидејќи во исто време постапувал и во предметот „Труст“.
-
Македонија 22.12.2017 12:00
Мицкоски- единствен кандидат за наследник на Груевски
Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е единствен кандидат за наследник на Никола Груевски, кој поднесе неотповиклива оставка од лидерското место во партијата. За претседателската позиција биле поднесени две кандидатури, но е прифатена само на Мицкоски.
-
Македонија 22.12.2017 11:42
Одложено судењето за случајот „Таргет- Тврдина“
Судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Таргет - Тврдина“, за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, е одложено за 17-ти јануари.









