Убиство во Чаир, застрелано е 24- годишно момче. Настанот се случил во непосредна близина на местото каде што живеела жртвата, на улицата „Џон Кенеди“ спроти средното училиште „Цветан Димов“.
-
Македонија 21.12.2017 10:30
-
Македонија 21.12.2017 10:18
Почнува зимата
Попладне во 17 часот и 28 минути на северната хемисфера почнува календарски зимата, а на јужната летото. Зимата ќе трае 89 дена, до 20-ти март, во 17 часот и 15 минути.
-
Македонија 21.12.2017 10:01
Времена измена на сообраќај на патот Кичево- Охрид
Времена измена на сообраќајот со преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат Кичево- Охрид, на делницата од Пресека до Песочан.
Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
-
Македонија 21.12.2017 09:33
Рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичен суд
Во Основниот суд Скопје-1 за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Топлик“, за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, во кој осомничени се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
-
Македонија 20.12.2017 16:22
Со проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ градот ќе ја збогати новогодишната понуда
„Од 20-ти до 20-ти-сите во Охрид“ е проектот преку кој најголемиот македонски туристички центар ќе започне да креира нова новогодишна понуда, чија цел е продолжување на туристичката сезона.
-
Македонија 20.12.2017 15:59
Граѓаните кои не користат парно и понатаму ќе плаќаат паушал
Искучените од системот за парно греење и натаму ќе плаќаат паушал. Се работи за околу 12 илјади домаќинства.
-
Македонија 20.12.2017 15:47
Спасовски го осуди нападот врз полицаецот, ВМРО-ДПМНЕ обвини за полициска бруталност
Еден повреден полицаец и едно приведено лице е епилогот од вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце. За време на блокадата на преминот дошло до туркање меѓу полицијата и членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.12.2017 15:44
ВМРО-ДПМНЕ до петок ќе блокира гранични премини
ВМРО-ДПМНЕ најави дека секој ден ќе одржува јавен собир со блокада на граничните премини, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР добило известување во кое партијата информира за редоследот, по кој ќе се одржуваат блокадите.
-
Македонија 20.12.2017 15:16
Ѓорчепетровци добија нова полициска станица
Нова полициска станица во Ѓорче Петров за која се издвоени 44 милиони денари. Дел од просториите ќе ги користи и противпожарната единица од оваа општина.
-
Македонија 20.12.2017 15:07
ВМРО-ДПМНЕ: На Табановце невидена полициска бруталност
Вчера на уредно најавен и организиран протест од ВМРО-ДПМНЕ на Табановце, се случи невидена полициска бруталност, велат од опозициската партија. Тврдат дека едно лице било неправедно приведено и неправно задржано во полициската станица.










