Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е единствен кандидат за наследник на Никола Груевски, кој поднесе неотповиклива оставка од лидерското место во партијата. За претседателската позиција биле поднесени две кандидатури, но е прифатена само на Мицкоски.
-
Македонија 22.12.2017 12:00
-
Македонија 22.12.2017 11:42
Одложено судењето за случајот „Таргет- Тврдина“
Судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Таргет - Тврдина“, за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето, е одложено за 17-ти јануари.
-
Македонија 22.12.2017 11:11
Поглаварот на МПЦ-ОА се сретна со бугарскиот патријарх Неофит
Прва средба меѓу македонскиот архиепископ Г.Г. Стефан со бугарскиот патријарх Неофит во Софија. Треба со божја премудрост да се донесе резултатот што го сакаме- изјавил Неофит, дополнувајќи дека не е лесен сегашниот крст што го носи бугарската црква.
-
Македонија 22.12.2017 11:07
ЕК: Македонија и натаму ги исполнува условите за визна либерализација
Македонија и натаму ги исполнува условите за визна либерализација, но за тоа ќе треба да ги исполнува реформите за спречување на организираниот криминал и корупцијата, како и борбата со нерегуларната миграција.
-
Македонија 22.12.2017 10:47
Судот во Солун ќе ја објави одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Денеска се очекува судската пресуда во Солун за екстрадицијата на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“ на СЈО.
-
Македонија 22.12.2017 10:19
Мијалков и Јанкулоска во Кривичен суд за случајот „Таргет- Тврдина“
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот шеф на наговиот кабинет Тони Јакимовски, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд каде што треба да се одржи рочиште за споениот предмет на СЈО „Таргет - Тврдина“ за незаконското пр
-
Македонија 21.12.2017 16:59
Чавушоглу: Поддршка за интеграциите на Република Македонија во НАТО и во ЕУ
Македонија заслужува да стане членка на НАТО, и наскоро да добие датум за преговори со ЕУ, оценил турскиот вицепремиер Хакан Чавушоглу при средбата во македонската влада со премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 21.12.2017 16:52
Поделеност околу потребата од измени на Законот за медиуми
Поделеност за потребата од измени на законот за медиуми. Медиумските работници кои сметаат дека нема потреба, велат дека повеќе закони значат помалку слобода за медиумите. Дел сметаат дека треба да има регулација на он-лајн медиумите.
-
Македонија 21.12.2017 16:24
Нема договор меѓу Заев и Села, Алијанса на Албанците инсистира на министерско место во здравство
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села не се откажува од Министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која се разговарало за испразнетите ресори, рече дека својот конечен став за останувањето во коалицијата ќе го соопшти по изборот на нов министер.
-
Македонија 21.12.2017 16:03
Над три илјади кандидати на конкурсот за полицајци
Над три илјади кандидати се пријавиле на конкурсот за полицајци. Почна физичката селекција. Обуката ќе ја следат 500 кандидати.
Иако е голем интересот, министерот Спасовски посочи дека кандидатите што ќе почнат со обука мора да ги исполнуваат сите критериуми наведени во конкурсот.










