Сензорната интеграција е сложен невролошки процес и ги опфаќа сите седум сетила. Сензорна соба е поделена на два дела светла и темна, во зависност кој сетила сакаме да ги стимулираме.
-
Македонија 20.12.2017 15:00
-
Македонија 20.12.2017 14:52
Предлог- законот за ратификација на Договорот со Бугарија испратен во Собранието
Владата го утврди Предлог- законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Доставен е до Собранието, изјави портпаролот Бошњаковски.
-
Македонија 20.12.2017 14:45
Спасовски: Секој има право на протест, но да не се напаѓа полицијата
Протестот е демократско право, но притоа не смее да се напаѓа полицијата. Ова го изјави ресорниот министер Спасовски по вчерашниот инцидент на граничниот премин Табановце, кога беше повреден полицаец при протест на ВМРО-ДПМНЕ. Најавена е кривична пријава за сторителот.
-
Македонија 20.12.2017 14:35
Шекеринска: Јубилејна награда за сите припадници на МО и АРМ со 15 и повеќе години стаж
Ќе се исплаќа јубилејната награда во одбрана, соопшти ресорната министерка Шекеринска.
-
Македонија 20.12.2017 14:12
Венко Филипче потврден кандидат за министер за здравство
Венко Филипче е потврден кандидат за министер за здравство. Се чекаат останатите коалициски партнери да ги достават нивните предлози за останатите испразнети места и сите во пакет како предлог на претседателот на Владата да се достават до Собранието, изајви владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-
Македонија 20.12.2017 14:07
Уставен суд: Граѓаните исклучени од парно ќе плаќаат паушал
Останува обврската за плаќање паушал за граѓаните исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија. Уставниот суд ја отфрли граѓанската иницијатива за преиспитување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 20.12.2017 13:25
Продолжува судењето за случајот „Сопот“
Во Кривичниот суд денеска беше сослушан еден од сведоците за случајот „Сопот“. Тој, не го сменил исказот што го дал во истрагата.
-
Македонија 20.12.2017 13:08
Седници на Извршниот и на Цетрналниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Денеска и утре треба да се одржат нови седници на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.12.2017 13:05
Даштевски сведочеше во судот во Солун
Во Солун денеска продолжи судењето за екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски на кое што како експерт сведочеше и Александар Даштевски, тогашен претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
-
Македонија 20.12.2017 12:53
Нема бојкот на наставата поради загадениот воздух
Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“, група родители се организираа на социјалните мрежи денеска да не ги носат децата на училиште. Целта е да се привлече вниманието на надлежните за да се реши проблемот со загадениот воздух.









