Владата побарала информација од Министерствата за сите трошоци кои ги правеле владините служби по основ на патни и дневни трошоци и за тоа ќе ја извести јавноста на посебна прес-конференција. Во меѓувреме во Комисијата за политички систем поминаа измените во прва фаза на Законот за пратеници.
-
Македонија 24.01.2018 15:43
-
Македонија 24.01.2018 15:26
Забрана за работа на болницата „Санте Плус“
Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во приватната здравствена установа „Санте Плус“. Констатирал недостатоци, заради што од страна на Инспекторатот е дадена забрана за работа сѐ до отстанување на недостатоците.
-
Македонија 24.01.2018 15:16
Метео: Температурата ќе падне на -12 степени
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Утрото ќе биде студено со минимална температура која на места ќе падне на -12 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.
-
Македонија 24.01.2018 15:14
Јанчев: Ќе поднесеме амандмани за Законот за јазици
ВМРО-ДПМНЕ се враќа во собраниските клупи, но само за расправа по однос на Законот за јазиците. Потпретседателот на партијата Митко Јанчев рече дека се подготвуваат низа амандмани кои ќе бидат поднесени.
-
Македонија 24.01.2018 14:56
Претседателот на Врховен суд, Вангеловски поднесе кривична пријава против судијката Неделкова
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски поднесе кривична пријава против судијката Лидија Неделкова.
-
Македонија 24.01.2018 14:48
Бошњаковски: Средбата во Давос е исчекор напред кон решение за спорот за името
По средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос, лидерска средба во Скопје за најновата рамка на медијаторот во спорот со името Метју Нимиц, иницирана од македонското МНР.
-
Македонија 24.01.2018 14:32
Македонско- грчка средба на премиерско ниво на маргините на Светскиот економски форум во Давос
Прва средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
-
Македонија 24.01.2018 13:35
Законот за јазиците по усвојувањето ќе оди на Венецијанската комисија
Законот за употреба на јазиците откако повторно ќе биде изгласан во Собранието ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот.
-
Македонија 24.01.2018 13:30
Почна судскиот процес за уривањето на „Космос“
Во Кривичен суд, судење за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.
-
Македонија 24.01.2018 13:26
Бојкот на наставата на турски јазик во Кичево
Второто полугодие во кичевската гимназија „Мирко Милески“ за учениците од турска етничка припадност сѐ уште не е започнато. Тие ја бојкотираат наставата бидејќи, како што велат, не им се исполнети неколку услови.










