Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Казујуки Накане.
-
Македонија 07.09.2017 13:47
-
Македонија 07.09.2017 13:32
Метео: Променливо време за продолжениот викенд
Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе настапи зголемување на облачноста, а во крајните западни делови можни се услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
-
Македонија 07.09.2017 13:16
Расправа за Законот за употреба на јазиците
Последен ден дебата за предлог- законот за употреба на јазиците во Комисијата за европски прашања. Законот е противуставен зашто матично тело е Комисијата за политички систем, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 07.09.2017 12:46
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
Кривична пријава против четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување поднесе Полициската станица- Прилеп до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
-
Македонија 07.09.2017 10:17
Аеродром и Гевгелија закажаа референдум за изјаснување против населувањето мигранти
На 15-ти октомври општините Аеродром и Гевгелија закажаа референдум за изјаснување против населувањето мигранти на териториите на овие локални самоуправи.
-
Македонија 07.09.2017 09:49
Свечено менување на државното знаме кај претседателот Иванов
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
-
Македонија 07.09.2017 09:42
АРМ ќе испука 10 плотуни по повод Денот на независноста
По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.
Единицата на АРМ во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.
-
Македонија 07.09.2017 09:30
Македонија прославува 26 години независност
„Македонија слободна, слободно живее“ е мотото под кое што денеска почнува централната прослава организирана од Владата на Република Македонија за Денот на независноста на земјата.
-
Македонија 07.09.2017 09:21
Производителите на мед ќе се регистрираат
Наскоро ќе се регистрираат индивидуалните производители на мед. Со воспоставувањето на регистарот ќе се спречи продажба на производи кои се декларираат како мед, а кои не ги исполнуваат основните критериуми за неговиот квалитет.
-
Македонија 06.09.2017 16:51
ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на уште 9 кандидати за градоначалници
ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници. Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски е номиниран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, за тетово кандидат е Горан Манојловски.










