Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица изутрината се приведени по налог на Јавното обвинителство. Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде што дава исказ пред судија на претходна постапка.
-
Македонија 28.11.2017 13:04
-
Македонија 28.11.2017 12:50
Хан: Во ЕУ има сѐ поголема волја за прием на Западен Балкан
Во Европската унија постои сѐ повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска во Виена, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
-
Македонија 28.11.2017 12:46
„Политика“: Одлуката на БПЦ ги „возбуди“ црковните кругови во Белград
Белградскиот дневен весник „Политика“ во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква да прифати да ја застапува Македонска православна црква пред останатите цркви, заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди“ црковните кругови во Белград.
-
Македонија 28.11.2017 12:30
Одложена расправата за Предлог- буџетот за 2018-та
Седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се расправа за Предлог- буџетот за 2018-та година, е одложена, изјави претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска.
-
Македонија 28.11.2017 11:23
ВМРО-ДПМНЕ: Приведувањето пратеници и членови обид за замолкнување на опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на приведувањето на пратеници нивни членови и поранешни функционери на партијата во врска со настаните кои се случија на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, оценувајќи го како обид за замолкнување на опозицијата.
-
Македонија 28.11.2017 11:10
Апелација ќе одлучува за прислушуваните разговори во случајот „Тортура“
Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница треба да одлучува дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во предметот „Тортура“ на СЈО.
-
Македонија 28.11.2017 11:01
До 2050-та година во Македонија ќе живеат 4,4 насто помалку луѓе отколку денес
Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050-та година во Македонија ќе живеат 4,4 насто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезне град, со големина на Куманово.
-
Македонија 28.11.2017 10:56
Димитров на средби со Вес Мичел и Хојт Ји
Билатералната соработка со САД, актуелните состојби во Република Македонија, како и во регионот ќе бидат теми на денешните средби на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високи претставници на американските власти.
-
Македонија 28.11.2017 10:52
Ново рочиште за случајот „Труст“
Ново судско рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот „Труст“.
-
Македонија 28.11.2017 10:24
Чавков и 35 приведени се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.









