По една деценија, пациентите со малигни заболувања ќе се лекуваат со посовремена терапија. Граѓанските здруженија велат дека со ова ќе им се продолжи и подобри квалитетот на животот на болните. Очекуваат долгорочно решение за достапноста на лековите и проширување на позитивната листа.
-
Македонија 16.02.2017 15:53
-
Македонија 16.02.2017 15:46
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево време на места со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Ќе дува слаб ветер од јужен, а во западните делови повремено умерен ветер од западен правец.
-
Македонија 16.02.2017 15:17
Судиите на обука за заштита на човековите права
Прво да се искористат домашните ресурси, а дури потоа да се бара правда од судот во Стразбур. Тој треба да биде последната опција за граѓаните на кои им е повредено некое од уставно загарантираните права.
-
Македонија 16.02.2017 15:09
Жбогар: Состојбата не е драматична
Не е тешка политичката состојба во земјата, не треба да драматизираме, треба на партиите да им се даде повеќе време за формирање влада- изјави во Берово претсавникот на ЕУ во змејава, Самуел Жбогар.
-
Македонија 16.02.2017 14:16
Еден починат и двајца повредени во пожар во село Локвица
Татко починал, а двајцата негови синови се повредени, но се надвор од животна опасност во пожарот што синоќа околу 22 часот избувнал во семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод.
-
Македонија 16.02.2017 14:07
Се намалува бројот на заболени од грип
Институтот за јавно здравје ги објави новите податоци за грипот. Во шестата недела од годинава се пријавени 386 новозаболени, што претставува намалување од 31,4 проценти во однос на претходната седмица. Од Институтот објаснуваат дека нивото на интензитет е многу ниско.
-
Македонија 16.02.2017 12:05
Државните институции ги стандаризираат геопросторните податоци
Агенцијата за катастар согласно Законот за национална инфраструктура за просторни податоци ќе формира регистар на збирки од 32 сета на просторни податоци од институциите во Македонија.
-
Македонија 16.02.2017 11:54
Превезувал 300 килограми дрога: Македонски државјанин уапсен на граничен премин меѓу Турција и Грција
На граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција е упсен 60 годишен државјанин на Македонија, пренесува агенцијата Анадолија. Тој возел шлепер со приколка, во која превезувал речиси 300 килограми дрога.
-
Македонија 16.02.2017 10:40
МВР: Истекува рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје
Рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени истекува на 12 април годинава, информира Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 16.02.2017 10:34
Жбогар и Тимоние во посета на Берово
Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, евроамбасадорот Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска ќе ја посетат општина Берово каде ќе се сретнат со градоначалникот Драги Наџински.










