За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време. Утре на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-от степен.
Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер во западните делови, на повисоките места и на планините.
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време. Утре на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-от степен.
Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер во западните делови, на повисоките места и на планините.
Недостигаат медицински сестри во јавните здравствени установи низ земјава- констатација на Меѓународниот ден. Се предупредува дека овој стручен кадар се одлева. Како проблем се посочуваат ниските плати, но и нерешениот работен статус.
СВР Скопје поднесе кривични пријави против седум лица за собраниските настани на 27-ми април.
Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список, и доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
Очекувам Иванов во уставниот рок од 10 дена да го довери мандатот за нова влада. Се усогласуваат гаранциите за зачувување на унитарноста на Македонија и тие ќе бидат доставени на транспарентен начин, вели лидерот на СДСМ, Заев.
Претседателот на Собранието Талат Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија.
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Според нив, меѓународната заедница промовира вредности кои и самата не ги почитува.
Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев, велат од СДСМ.
Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално- мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии меѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци, соопштуваат од Вмро-Дпмне.
Лидерот на СДСМ и пратеник Зоран Заев, дојде на распит во Јавното обвинителство за собраниските настани од 27-ми април, како сведок и оштетен.
Според најавите, во обвинителството треба да се појават уште пет пратеници. Деновиве исказ како сведок даде и пратеникот од ДУИ, Артан Груби.