Во Мала Речица, Централно претседателство треба да одржи Демократската унија за интеграции.
Засега нема официјални информации за што ќе се дискутира, но е извесно дека на маса ќе бидат разговорите за формирање парламентарно мнозинство и нова влада.
Во Мала Речица, Централно претседателство треба да одржи Демократската унија за интеграции.
Засега нема официјални информации за што ќе се дискутира, но е извесно дека на маса ќе бидат разговорите за формирање парламентарно мнозинство и нова влада.
Грипот ги зема првите жртви. Две деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, што биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести, ја изгубиле битката со оваа сезонско заболување, информираат од Институтот за јавно здравје.
Снег и студ во Македонија. Дел од земјава е во портокалова фаза поради минусните температури. Изутрината најстудено во Скопје и во Берово со минус 21 степен. До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово- Дебар.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Пресека утрово е укината.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот за камиони е повторно востановен од 09:30 часот.
Денеска се навршуваат 9 години од хеликоптерската несреќа, во која кај Катлановско Блаце загинаа 11-мина македонски мировници, што се враќаа од мисијата во Босна и Херцеговина.
Потребна е политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барањата на граѓаните, заклучок од седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Скопје Петровец и Берово утрово е најладно, -21 степен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време на места со мала облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а максималните ќе бележат пораст.