Собранието на Република Македонија со 72 гласови „за“ и 37 „против“ денеска го донесе Буџетот на Република Македонија за 2017-та година. Опозицијата гласаше против.
-
Македонија 17.10.2016 14:47
-
Македонија 17.10.2016 14:33
Метео: Променливо облачно со слаб до умерен ветер
Во текот на утрешниот ден ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 17.10.2016 14:13
Никола Ивановски- нов претседател на Уставниот суд
Нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија е Никола Ивановски. Неговиот мандат почнува на 1-ви ноември 2016 година.
Ивановски, кој ќе ја наследи Елена Гошева, денеска на колегиум на Судот е избран со двотретинско мнозинство, а за уставен судија е избран во 2012-та година.
-
Македонија 17.10.2016 13:23
СДСМ: Собранието веднаш се распушти
Пратеничката група на СДСМ побара Собранието да се распушти денеска и веднаш, и да нема дополнувања со нови закони.
-
Македонија 17.10.2016 13:13
Одложено судското рочиште за „Дива населба“
Судското рочиште за предметот „Дива населба“ денеска е одолжено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.
-
Македонија 17.10.2016 13:08
Собрание: Почна расправата за дополнетиот предлог- буџет за 2017-та
Во Собранието на Република Македонија почна расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2017-та година. Пред пратениците предлогот го образложува министерот за финансии Кирил Миноски.
-
Македонија 17.10.2016 11:37
Неонатологијата бележи развој, потребен е стручен кадар
Неонатологијата или медицинска служба која прва го прифаќа новореденото дете, без разлика дали тоа е здраво или се родило со некој ризик. Во македонското здравство последниве педесетина години има посебен акцент во развојот.
-
Македонија 17.10.2016 10:34
ИПА фондови: Македонија користи средства, но нема ефект
Македонија ги користи европските пари, институционално и граѓански спроведува проекти кои се финансирани од средства од претпристапната помош, но не покажува голем ефект од искористените фондови, велат од Институтот за европска политика.
-
Македонија 17.10.2016 10:11
Едночасовно затворање на тунелот Демир Капија
Утре од 21 до 22 часот ќе биде привремено затворен тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија за сите категории возила.
-
Македонија 17.10.2016 10:09
Груевски: 11-ти декември важен за иднината на земјава
11-ти декември е многу важен ден за иднината на Република Македонија, денот кога секој ќе има можност да покаже во каква Македонија сака да живее.










