Сѐ е работа на договор, не е спорно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја состават новата влада- велат познавачите на политичките состојби со кои разговараше МТВ. Велат дека роковите течат и сметаат дека партиите треба да играат со отворени карти, транспарентно.
-
Македонија 10.01.2017 16:52
-
Македонија 10.01.2017 16:30
Нов снег- нови проблеми
Скршеници и премрзнати екстремитети. Брзата помош постојано носи нови пациенти. Ваква е сликата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Снегот, студот и замрзнатите тротоари го отежнуваат движењето на пешаците, чести се повредите.
-
Македонија 10.01.2017 16:07
ФЗОМ: Забрзана реализација на проектите од фармацевтската дејност
Фондот ќе овозможи лековите „Клексан“ и „Фраксипарин“ да бидат на рецепт, тримесечна терапија за хронично болни лица, апликација на мобилен телефон преку која ќе може да се лоцира најблиската отворена аптека. Ова се проектите кои се приоритет за оваа година на Фондот за здравствено осигурување.
-
Македонија 10.01.2017 15:51
По 80 години старата градска болница ќе добие нов лик
Во тек е реконструкцијата на стара Градска болница „Свети Наум Охридски“. Оваа инвестиција е во вредност од 2 милиони евра и претставува дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра.
-
Македонија 10.01.2017 15:43
Прилеп: Одбележани 120 години од раѓање на Шарло
Прилеп одбележа 120 години од раѓањето на македонскиот деец Методија Шаторов Шарло.
-
Македонија 10.01.2017 14:48
Груевски на средба со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.
Груевски вчера го прими мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 10.01.2017 13:33
Продолжува чистењето на снегот од градските булевари и улици
Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари.
-
Македонија 10.01.2017 13:03
Сообраќајот во зимски услови, до петок температурите под нулата
Нов снежен бран со многу ниски температури повторно ја зафати Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
-
Македонија 10.01.2017 12:52
Укината забраната за камиони на Стража
Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно, во 11:45 часот беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.
-
Македонија 10.01.2017 12:37
Советодавен комитет: Интегрирано општество и повеќејазичен систем на образование
Главната констатација на Советодавниот комитет е дека „општеството останува длабоко поделено, со малку размена меѓу двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците“.









