Со 20 парламентарци и 12 заменици, Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе ги следи предвремените собраниски избори во Македонија закажани за 11-ти декември. Набљудувачкиот тим и овојпат ќе го предводи Стефан Шенах, од Партијата на социјалистите на Австрија.
-
Македонија 14.10.2016 13:27
-
Македонија 14.10.2016 12:32
Хан се сретна со Јанева, Тачи и Ахмети
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан кој денеска престојува во Скопје, оствари средби со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети. Хан претходно имаше средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
-
Македонија 14.10.2016 12:21
Хан задоволен од средбата со невладините организации
Еврокомесарот за проширување и добрососоедска политика, Јоханес Хан, средбите во Скопје ги започна со средба со претставници на невладини организации.
-
Македонија 14.10.2016 12:17
Хан- Димитриев: Изборите единствено решение за политичката криза
Еврокомесарот Јоханес Хан утрово се сретна со премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Од Владата соопштуваат дека на средбата била истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во Европската унија, како и заложбата за спроведување на потребните реформи.
-
Македонија 14.10.2016 11:39
Финансиски криминал тежок 1,5 милиони денари откриен во ЈП Чистота и зеленило- Куманово
Финансиска полиција го чешла работењето во Јавното претпријатие Чистота и зеленило-Куманово. Од Управата велат дека е откриен и документиран финансиски криминал, тежок 1,5 милиони денари. Оштетен е буџетот на претпријатието.
-
Македонија 14.10.2016 11:25
ОЈО Куманово спроведува истражна постапка против државјанин на Република Албанија
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за финансии – Царинска управа, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово оформи предмет и донесе наредба за спроведување на истражна постапка против албански државјанин.
-
Македонија 14.10.2016 10:24
Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието седници ќе одржат пет собраниски комисии. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог- законот за даночни, царински и други фискални погодности, за одржувањето на УЕФА Супер купот во 2017-та, како и четири други законски проекти.
-
Македонија 14.10.2016 10:21
Собранието ја продолжува 124-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124-тата седница, на која треба да се гласа за предлог- законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на домашните државни универзитети.
-
Македонија 14.10.2016 10:18
Ориз: Помал род, неизвесен пласман
Со почетокот на жетвата на оризот се намалија и очекувањата на земјоделците дека годинава ќе им биде побериќетна од лани.
Родот е помал од минатата година, а за квалитетот велат дека е сеуште рано да се знае каков ќе биде.
-
Македонија 14.10.2016 10:14
Еврокомесарот Хан оствари средба со премиерот Димитриев
Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на Република Македонија, и веќе се сретна со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.










