Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери поднел предлог до координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА за ревидирање на границите на изборните единици и изедначување на бројот на гласачите по изборни единици.
-
Македонија 15.09.2016 12:52
-
Македонија 15.09.2016 12:18
СЈО ги поднесе првите две обвиненија
Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе два обвинителни предлога поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски присушуваните разговори.
-
Македонија 15.09.2016 10:43
По серијата земјотреси, мирна ноќ во Скопско
По серијата земјотреси, релативно мирна ноќ во Скопско. Надеж дека тлото се смирува по последователните потреси што предизвикаа паника кај населениото, следствено на силниот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер што се случи во неделата.
-
Македонија 15.09.2016 10:24
Козјото млеко сѐ повеќе се бара
Во Македонија има 75.000 кози што е за 18 проценти повеќе од претходните години.
Во македонските стада најзастапена е домашната раса „балканска“, а козите најмногу ги одгледуваат индивидуалните земјоделци.
Вкупното производство на козјо млеко е скоро 15.000 тони годишно.
-
Македонија 15.09.2016 08:47
СЈО ќе го презентира шестмесечниот извештај
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 15.09.2016 08:37
Нормализиран сообраќајот Ресен-Битола-Прилеп
Сообраќајот на магистралниот пат А-3 ,„Ресен-Битола-Прилеп“, кој поради одрони на патот беше затворен е нормализиран.
-
Македонија 15.09.2016 08:34
Почнува новата академска година
На универзитетите во Македонија денеска почнува новата академска 2016/2017 година.
За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.
-
Македонија 15.09.2016 08:18
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за надворешна политика, за транспорт и врски, за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија. -
Македонија 14.09.2016 15:55
Чичаковски: Надминувањето на изборниот праг го доведува во прашање еднаквото право на глас
Додека пратениците не откриваат што ќе преземат и дали меѓупартиски бараат решение со вишокот гласачи во шестата изборна единица претседателот на ДИК и членовите го чекаат исходот односно измените во изборниот законик. Чичаковски дециден дека прашањето треба да го реши Собранието.
-
Македонија 14.09.2016 15:47
Случај „Еразмус“: Забрана за работа за четворица професори од Економски факултет
Професорот Бобек Шуклев од Економскиот факултет нема да може да им предава на студентите во новата академска година. Ваква одлука донесе судијата на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на јавнот обвинител во случајот „Еразмус“.










