На граничниот премин Богородица запленети се речиси еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во возило со германски таблички.
Возилото било управувано од германски државјанин, а со него имало и сопатник.
На граничниот премин Богородица запленети се речиси еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во возило со германски таблички.
Возилото било управувано од германски државјанин, а со него имало и сопатник.
СДСМ бара престанок на работата на Комисијата за лустрација една година порано од предвиденото законско решение. Таа не може да заседава и да носи нови решенија, образложи Горан Сугарески, а со тоа како што рече, во буџетот ќе се заштетат 300 илјади евра.
Тлото и натаму не се смирува. Претпладнево се забележани неколку послаби потреси, а во раните утрински часови регистриран е уште е еден земјотрес со јачина од 3 рихтери во скопскиот регион.
Никола Јанкуловски, новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ги прими ректорските инсигни, еполети, обележја. Со 43 гласа Сенатот му го довери четиригодишниот мандат на челото на најстариот ректорат во државава.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 33 степени. Стабилно и потопло ќе биде и во петок.
Во големата сала на Врховниот суд, продолжува судскиот процес за случувањата во кумановската „Дива населба“. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи се испитуваат заштитените сведоци.
Во Стразбур еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на средба со европратениците Ховит, Вајгл и Кукан. Разговарале за политичката состојба во земјава.
Доколку сакаат субвенции, големите фарми ќе мора да имаат и складишта за арското ѓубриво.
Обврската е за стопанствата со повеќе од 50 крави, 250 свињи, 5.000 несилки или 10.000 бројлери.
Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.
Време е посредникот Нимиц да му реферира на Советот за безбедност дека двете земји се далеку од решение во спорот за уставното име на земјава, смета првиот амбасадор на земјава во Грција, Љупчо Арсовски.