Партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска ја завршуваат изборната кампања со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
-
Македонија 09.12.2016 10:32
-
Македонија 08.12.2016 12:04
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со услови за појава на слаба претпладневна магла по одделни котлини.
До недела температурите ќе бележат постепен пораст, а од понеделник следува период на постудено и ветровито време.
-
Македонија 08.12.2016 11:49
Честитка од премиерот Димитриев по повод Св. Климент
Претседателот на Владата Емил Димитриев упати честитка по повод празникот Св. Климент до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници, посакувајќи им среќа и душевен мир.
-
Македонија 08.12.2016 11:40
Претседателот Иванов во посета на македонско-грчката граница
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.
-
Македонија 08.12.2016 11:38
Два дена до крајот на изборната кампања
На два дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
-
Македонија 08.12.2016 10:52
Вицепремиерот Попоски на министерски совет на ОБСЕ во Хамбург
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска учествува на 23-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува во германскиот град Хамбург.
-
Македонија 08.12.2016 09:57
Празнување на Свети Климент Охридски
Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.
-
Македонија 06.12.2016 16:44
Димитриев - ДИК: Исполнети сите услови за фер избори
Изводите од избирачкиот список се готови, испечатени се гласачките ливчиња. Сите подготовки се при крајот, истакнале од Државната изборна комисија на средбата во Владата со премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.
-
Македонија 06.12.2016 16:02
МВР не пронашло ништо сомнително во автомобилот паркиран пред Американската амбасада
Возило паркирано пред влезот на Американската амбасада, поради сомнеж дека во него има експлозив, синоќа ја мобилизираше полицијата. Екипа на Министерството за внатрешни работи направила проверка, но, не било најдено ништо сомнително.
-
Македонија 06.12.2016 15:59
Коалицијата за промени и правда ја презентираше програмата во Куманово
Целта на Коалицијата за промени и правда е да се формира владин кабинет составен од професионлни и искусни луѓе со морален кредибилитет, рече Павле Трајанов носител на листата во првата изборна единица.










