• Македонија 11.12.2016 22:07

    ДИК до 21.45 часот: 125.300 гласови за ВМРО-ДПМНЕ и 110.509 за СДСМ

    Според податоците на Државната изборна комисија до 21.45 часот од 303.365 преброени гласови  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоиле 125.300 гласови, а СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ 110.509 гласови.

  • Македонија 11.12.2016 20:47

    МВР: Изборите мирни, со мали инциденти

    Изборниот ден помина безбедно со мали инциденти, оцени Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР на вечерашната прес-конференција.

  • Македонија 11.12.2016 19:18

    Затворени гласачките места

    Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

  • Македонија 11.12.2016 18:35

    ДИК: До 17 часот излезноста 60,38%

    До 17 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 проценти, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

  • Македонија 11.12.2016 15:25

    Најголема излезност во Кривогаштани, најмала во Центар Жупа

    Најголем одѕив на гласачи до 13 часот според податоците на ДИК е евидентиран во Кривогаштани - 79,12 проценти, а најмала во Центар Жупа, со 15,76 проценти.

    По Кривогаштани, најголем одзив има во Новаци 48,36, Демир Капија 47,02 и во Карпош 45,46 проценти.

  • Македонија 11.12.2016 14:32

    ДИК: До 13 часот гласале 34,86% од избирачите

    До 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

  • Македонија 11.12.2016 13:19

    Охрид: Изборниот процес се одвива мирно

    Утрото во 7 часот беа отворени 88-те избирачки места на подрачјето на општина Охрид,каде своето гласачко право ќе можат да го остварат над 50.200 граѓани. Изборниот процес досега се одвива мирно и без поголеми проблеми.

  • Македонија 11.12.2016 13:17

    Битола: Нема нарушувања на изборниот процес

    На 170 гласачки места за кандидатските листи на коалициите и политичките партии од петата изборна единица правото на глас ќе можат да го остварат 80.259 полнолетни лица запишани во единствениот избирачки список.

  • Македонија 11.12.2016 11:24

    ДИК: До 10 часот одѕивот 9,49 проценти

    До 10 часот  изутринава одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 9,49 проценти од обработени 95,09 отсто од вкупниот број запишани избирачи на ниво на Макеоднија, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.

  • Македонија 11.12.2016 10:55

    МОСТ со први информации за текот на гласањето

    Граѓанската асоцијација МОСТ информира дека се отворени сите гласачки места на кои имаат распоредено  набљудувачи на денешните предвремени парламентарни избори.

Pages