Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и претежно стабилно време со мала облачност и со слаб ветер од североисточен правец.
Сончевото време продолжува и во текот на следната седмица без позначајна промена на температурите.
Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и претежно стабилно време со мала облачност и со слаб ветер од североисточен правец.
Сончевото време продолжува и во текот на следната седмица без позначајна промена на температурите.
Македонија одамна требаше да биде членка на НАТО и да ги почне преговорите за влез во ЕУ, смета унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто. Со неговиот домаќин Попоски разговарале и за билатералната соработка и за мигрантската криза.
13 гранкови синдикати со поддршка на Живко Митревски и неговата функција прв човек на ССМ. Велат дека ниту еден од нив не присуствувал на Советот, ниту некогаш разгледувале иницијатива за отповикување на Митревски.
До Државната изборна комисија во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите за првите десет дена од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11-ти декември.
Собранието на Република Македонија и денеска ќе биде отворено за посета од граѓаните поради зголемен интерес.
На скопската обиколница од денеска се вовоедува времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи на потегот од клучката Сингелиќ до клучка Смилковци, што беше оштетен во поплавите од 6 август годинава.
Градежните работи ги изведува Трансмет ДОО Скопје.
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Партиите и коалициите кои со свои кандидати учествуваат на претстојните парламентарни избори денеска на 12-тиот ден од изборната кампања ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ државата.
Одложено судењето на членовите на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети за учество во толпа, што ќе стори кривично дело за време на протестите, кога беше демолирана Народната канцеларија на преседателот.
Антикорпциска комисија констатира: основани се преставките поднесени од МВР против министерот Спасовски за злоупотреба на службената должност и овластување, како и приговорот од Коалицијата „За подобра Македонија“ против СДСМ и коалициските партнери, градоначалникот на Куманово и Кумановското ЈКП