Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде чувар на албанското прашање во Македонија, порача од Преспа, лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-
Македонија 30.11.2016 15:49
-
Македонија 30.11.2016 15:26
Груевски: 63 пратенички места- гаранција дека кризата нема да продолжи
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата „Реално 2017- 2020“ пред граѓаните во Гостивар и Тетово, а беа промовирани и кандидатите за пратеници од овој крај.
-
Македонија 30.11.2016 15:23
Заев: Секој граѓанин е битен, едаквост и правда за сите
Ќе ги вратиме идеалите на човекот чие име го носи овој град, Гоце Делчев, дека Македонија ќе биде поле за натпревар на идеи во која сите ќе бидат рамноправни.
-
Македонија 30.11.2016 15:21
ДПА ја претстави програмата во Боговиње
Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата.
-
Македонија 30.11.2016 15:18
„Југохром“: Сите вработени и во декември остануваат на работа
Вработените во „Југохром“ нема да останат на улица, и во декември ќе работат- најави директорот Скендеровски. Фабриката најверојатно ќе биде затворена до крајот на месец април, односно додека не бидат изградени потребните објекти за намалување на загадувањето на Тетово и тетовско.
-
Македонија 30.11.2016 14:00
Примопредавање на должноста командант на 1.мпб на АРМ
Со примопредавање на военото знаме на Првата механизирана пешадиска бригада од составот на Здружената оперативна команда денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се изврши официјалното преземање на должноста командант на оваа бригада.
-
Македонија 30.11.2016 13:57
Попоски на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ
Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите - членки на Европската Унија, кој го приреди словачкиот амбасадор во Република Македонија Мартин Безак, во својство на актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
-
Македонија 30.11.2016 13:04
Изминува половина од предизборната кампања
Изминува половина од предизборната кампања. Партиите продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓаните. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во Виница и во Кочани.
-
Македонија 30.11.2016 12:43
Метео: Сончево и студено
Утре во Македонија ќе преовладува сончево ведро и студено време со мала локална облачност во попладневните часови.
Во петок како и за време на викендот дневните температури ќе бележат пораст, а ќе има и услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.
-
Македонија 30.11.2016 12:41
„Ден на дрвото“: Повеќе од 2,6 милиони садници на над 550 хектари
Ученици, административци, граѓани- се вклучија во пошумување на градските средини. Во паркот во Ново Лисиче, беа и средношколците Никола и Гала. Засадија дрвце и упатија порака- да се грижиме за животната средина, да ги чуваме, а не да ги кршиме дрвјата.










