Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат три комисиии- Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 05.09.2016 10:13
-
Македонија 05.09.2016 10:11
Татковинска прослава за Св. Мајка Тереза
По прогласувањето на Мајка Тереза за светица во Ватикан, во текот на оваа седмица во земјава ќе се одржат низа настани и манифестации во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“.
-
Македонија 05.09.2016 09:58
2.700 хектари овошни насади оштетени од пролетното измрзнување во Ресенско
Речиси половина од овошните насади во Ресенско или скоро 2.700 хектари се оштетени од пролетното измрзнување годинава.
До општинската комисија беа доставени 2.300 барања за проценка на штети кои во најголем дел се за насадите со јаболко.
-
Македонија 04.09.2016 11:23
Мајка Тереза прогласена за Светица
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица. На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствува македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 04.09.2016 09:16
Македонска државно-црковна делегација на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза
Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Блажена Мајка Тереза во Ватикан.
-
Македонија 02.09.2016 16:50
Жбогар стапува на функцијата
Евроамбасадорот Жбогар, наследникот на Орав, по преземањето на канцеларијата на Унијата во земјава порача- Унијата со нетрпение очекува да се реши долготрајната политичка криза.
-
Македонија 02.09.2016 16:48
Продолжен рокот за пријавување на штетите од поплавите до 7-ми септември
Истекува рокот за поднесување барање за штета. Жителите во поплавените подрачја сѐ уште се во шок. Велат, и по 30 дена од кобната ноќ, не можат да му се вратат на нормалниот живот.
-
Македонија 02.09.2016 16:43
Изгласана преодната влада
Во Собранието изгласана преодната влада што ќе ги спроведе вонредните праламентарни избори. Опозицијата се враќа со истите кадри во истите ресори. Оливер Спасовски- министер за внатрешни работи , Фросина Ременски за труд и социјала.
-
Македонија 02.09.2016 15:06
Пратениците треба да гласаат за преодната влада
Собранието ја одржува седница за избор на преодната влада во која според договорот на лидерската четворка, СДСМ номинира министри во ресорите внатрешни работи, труд и социјална политика и тројца дополнителни заменици- министри во финансии, информатичко општество и земјоделство.
-
Македонија 02.09.2016 15:00
Иванов: ЕУ да го исправи досегашниот погрешен пристап кон Македонија
Блокирањето на евроатланската интеграција на Македонија е пример како не треба да се гради безбедноста во регионот, вели претседателот Иванов.










