Собранието ја одржува седница за избор на преодната влада во која според договорот на лидерската четворка, СДСМ номинира министри во ресорите внатрешни работи, труд и социјална политика и тројца дополнителни заменици- министри во финансии, информатичко општество и земјоделство.
-
Македонија 02.09.2016 15:06
-
Македонија 02.09.2016 15:00
Иванов: ЕУ да го исправи досегашниот погрешен пристап кон Македонија
Блокирањето на евроатланската интеграција на Македонија е пример како не треба да се гради безбедноста во регионот, вели претседателот Иванов.
-
Македонија 02.09.2016 14:31
Стручно советување на родители и ученици и во новата учебна година
70 илјади советувања на родители на ученици во изминативе пет години во основните и средните училишта. Поголем дел од нив се советувања на родители на ученици во средните училишта, а како најчеста причина поради која се спроведувале советувањата е намалениот успех.
-
Македонија 02.09.2016 13:23
Самуел Жбогар стапува на функцијата
Новоименуваниот шеф на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар му ги предаде акредитивните писма на шефот на државата Иванов.
-
Македонија 02.09.2016 13:09
Јавна седница за случајот „Шпион“
Во скопска Апелација продолжи јавната седница за предметот „Шпион“ по жалбите на одбраната за првостепената пресуда на Кривичниот суд.
-
Македонија 02.09.2016 12:56
Метео: За викендот сончево и топло време
Првиот септемвриски викенд ќе ни почне со сончево и пријатно топло време проследено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе достигне до максимални 33 степени. Овие временски услови продолжуваат и во недела.
-
Македонија 02.09.2016 12:18
ФЗОМ: Зголемени квотите за лекови на рецепт за 80 милиони денари
За дополнителни 80 милиони денари зголемени средствата наменети за квоти за лекови на рецепт.
-
Македонија 02.09.2016 11:52
Јолевски: Идната недела стартува изградбата на првата зграда од проектот „АРМ- Мој вистински дом“
Идната недела стартува изградбата на првата зграда со станови за припадниците на АРМ. Интересот е голем, велат од одбраната. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска се обрати пред кандидатите за стан од проектот „АРМ мој вистински дом“.
-
Македонија 02.09.2016 11:15
Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување
Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување. Ќе се врши според методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.
-
Македонија 02.09.2016 10:28
Истекува рокот за пријавување штети од невремето
Денеска до крајот на работното време истекува рокот за пријавување штети од невремето во скопскиот и во тетовскиот регион.










