Седум години по бродската несреќа, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го изгубија 15 бугарски туристи безбедноста во внатрешната пловидба на Охридското Езеро е далеку поголема.
-
Македонија 05.09.2016 16:19
-
Македонија 05.09.2016 16:11
Избирачкиот список во раце на партиите
1.770.736 гласачи се запишани во избирачкиот список, податок кој ДИК го доставил и до политичките партии. Забележливо е намалување на гласачите од безмалку 9.400 споредбено со изборите во 2014-та.
-
Македонија 05.09.2016 15:22
Совет за етика: Постојана примена на стандарди, не само за избори
Партиите веќе не ги чекаат изборните кампањи за да ќарат поени кај гласачите. Зашто само тогаш, велат од Советот за етика во медиумите, се мери квантитативно кој колку пренесол, а квалитативното се одработува сега.
-
Македонија 05.09.2016 15:17
Четиригодишно девојче падна од 7 кат на зграда во Аеродром
Четиригодишно девојче паднало денеска од 7 кат на зграда на ул. „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.
Од МВР за МИА информираат дека девојчето паднало околу 10.45 часот и оти со тешки повреди е пренесено во Ургентниот центар.
-
Македонија 05.09.2016 15:07
Избрани нови 25 судии
Судскиот совет на Република Македонија избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја минале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители.
-
Македонија 05.09.2016 14:41
До 30-ти септември аплицирање за стипендии за старотурски јазик
До 30-ти септември студентите ќе може да аплицираат за стипендиите наменети за изучување на старотурскиот јазик на некој од светските универзитети.
-
Македонија 05.09.2016 12:50
СЕММ: Објективно и професионално известување во предизборниот и изборниот период
Советот за етика во медиумите ги повика медиумите за време на претстојниот предизборен и изборен период да известуваат објективно и професионално според основните принципи на новинарското работење.
-
Македонија 05.09.2016 12:06
Метео: Обилни врнежи од дожд и пад на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и свежо време со умерен северен ветер.
На места се очекуваат пообилни врнежи од дожд особено во западните и јужните делови. Температурите значително ќе опаднат.
Максималната дневна ќе достигне до 24 степени.
-
Македонија 05.09.2016 11:07
Реконструирана улицата „Христо Чернопеев“ на Водно
Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата „Христо Чернопеев“. Улицата, иако се наоѓа на Водно, претходно немаше ниту фекална ниту атмосферска канализација, која сега е поставена.
Заменета е и 50 години старата водоводна мрежа, а поставени се и нови рабници.
-
Македонија 05.09.2016 10:33
Донација: Бела техника од Турција за поплавените домаќинства во Сингелиќ
Донација од бела техника од Турција денеска ќе им биде предадена на домаќинства зафатени од поплавите во село Сингелиќ.
Донацијата ќе ја предаде амбасадорот на Република Турција во Македонија Омур Шолендил.










