За да имаме квалитетно образование треба да имаме и повисок стандард на живеење за сите што работат во градинките, училиштата, факултетите, рече пред , лидерот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети.
-
Македонија 24.11.2016 16:43
-
Македонија 24.11.2016 16:00
Протести: Вработените бараат „Југохром“ да работи
Вработените од металуршкиот комбинат „Југохром“ не се откажуваат од барањето фабриката да продолжи со работа. Велат егзистенција имаат неколку илјади жители на регионот. Протестираа пред инспекторатот за Животна средина.
-
Македонија 24.11.2016 15:37
Здружение за цистична фиброза: На позитивната листа да се стави современа терапија
Три и пол годишно дете со пад на телесната тежина од 8,5 килограми е последниот новозаболен пациент од цистична фиброза. Над 40 деца со ова заболување се лекуваат во центарот сместен во детската болница „Козле“. Важна е раната дијагностика, велат пулмолозите.
-
Македонија 24.11.2016 15:33
Груевски: 600 милиони евра субвенции за македонскиот аграр
Три милиони евра дополнителни субвенции ќе добијат лозарите по формирање на новата Влада. Оваа вест на кавадарчани им ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот митинг.
-
Македонија 24.11.2016 15:29
Заев: Институциите ќе бидат во служба на граѓаните
Луѓето се сплотени околу иста водилка за живот. Земаме обврска да ја градиме државата и институциите- беше речено на митингот на опозициската коалиција предводена од Социјал демократскиот сојуз во Кичево.
-
Македонија 24.11.2016 15:26
Тачи: Ќе воведеме консензуално одлучување во Македонија
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, воедно и носител на листата од шестата изборна единица од митингот во село Челопек, порача дека прва работа што ќе ја направи оваа партија по изборите ќе биде воведувањето на консензуалното одлучување во Македонија.
-
Македонија 24.11.2016 14:58
Амети: „Југохром“ во најскоро време да ја изгради филтер станицата
Одлуката за затворање на комбинатот „Југохром“ беше тешка, вели ресорниот министер за животна средина Башким Амети. Од раководството на Комбинатот побара во најскоро време да ја изгради филтер станицата.
-
Македонија 24.11.2016 14:51
СЈО го побара случајот „Сопот“
Специјалното јавно обвинителство соопшти дека на 4-ти месецов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесено барање да им биде доставен предметот „Сопот“.
Целта е како што стои во дописот, да се оцени дали предметот е во нивна надлежност.
-
Македонија 24.11.2016 14:02
Метео: Облачно со повремени локални врнежи од дожд
Утре во Македонија се очекува претежно облачно време, а по одделни котлини и натаму ќе има појава на магла.
Кон крајот на денот во западните и југозападните делови се можни повремени слаби локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота.
-
Македонија 24.11.2016 13:37
АХВ: Засилени мерки по информациите за „птичји грип“ во регионот
По добиените информации за присуство на „птичји грип“ во неколку европски земји и држави од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство го подигна нивото на внимателност.










