До 18-ти јуни Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и сите приведени граѓани кои протестираат да бидат ослободени, побара лидерот на СДСМ, Заев. Како што рече, само ако се исполнат овие два услова, договорот од Пржино може да преживее.
-
Македонија 07.06.2016 16:53
-
Македонија 07.06.2016 16:20
Акција „Еразмус“: Професори од Економски продавале шестка за 500 до 1.000 евра
Од 500 до 1.000 евра плаќале студенти за да добијат шестка на Економскиот факултет. Не морале да исполнат услов за да полагаат, ниту да го пријават испитот. Доволно било да го искешираат посредникот, за да добијат преодна оценка.
-
Македонија 07.06.2016 16:07
74 лекари од септември на специјализација
Избрани се 74 лекари за кофинасирана специјализација – информира министерот за здравство, Никола Тодоров. 20 лекари ќе специјализираат анестезиологија на КАРИЛ, 5 ќе бидат кофинасирани за нуклеарна физика.
-
Македонија 07.06.2016 16:00
ЕКРИ го објави извештајот за Република Македонија
Во извештајот Европската комисија за броба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИ најрпво ги поздравуваат позитивните чекори што ги направила Македонија во ова област, но се наведуваат и прашања кои според експертите на Советот на Европа „загрижуваат“.
-
Македонија 07.06.2016 15:40
Екстерното тестирање стартуваше без проблеми
Стартуваше екстерното тестирање за околу 178.000 основци и средношколци. Оценувањето почна навреме. Се полагаше првиот предмет. Средношколците со кои разговаравме велат прашањата биле лесни, а технички проблеми немало.
-
Македонија 07.06.2016 15:11
ЕК: Политичките лидери да се вратат на преговарачка маса
Европската Комисија го поздрави потегот на претседателот Иванов за целосно повлекување на одлуките за помилување.
-
Македонија 07.06.2016 14:44
МВР: Професори од Економски барале од 500 до 1.000 евра мито за 6-ка
Од 500 до 1000 евра плаќале студенти за да добијат шестка на Економскот факултет. Некои од нив не ни исполнувале услов за да полагаат, некои не го ни пријавиле испитот, а сепак, во индексот им била впишувана преодна оценка.
-
Македонија 07.06.2016 14:39
Заев: Два клучни чекори до 18-ти јуни
Со исполнувањата на двата клучни предуслови поставени од СДСМ, целосно повлекување на аболицијата и одложување на изборите на 5-ти јуни, се отвора простор за надминување на кризата, изјави лидерот на партијата Заев.
-
Македонија 07.06.2016 14:22
Метео: Утре сончево, поизразена нестабилност во четврток и петок
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од источен правец.
Поизразена нестабилност на повеќе места се очекува во четврток и петок, а во текот на викендот ќе настапи делумно подобрување на временските прилики.
-
Македонија 07.06.2016 13:54
Судската администрација утре на протест пред Министерството за правда
Синдикатот на судската администрација го најави утрешниот завршен и најголем протест. Ќе почне од 11 часот од пред зградата на ССМ до Министерството за правда.










