-
Македонија 26.06.2015 11:14
Одбележување на Денот на социјалните медиуми
Интернет заедницата во Македонија денеска четврти пат ќе го одбележи Денот на социјалните медиуми. -
Македонија 26.06.2015 11:02
Поднесување барања за субвенции до крајот на овој месец
Рокот за поднесување на апликациите е до 30-ти јуни. Барањата се доставуваат во подрачната единица на Министерството, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка напишана во барањето.
-
Македонија 26.06.2015 10:51
ЕЛЕМ ќе го обновува автокампот „Ливадиште“ во Струга
Убава вест за љубителите на камперскиот туризам. ЕЛЕМ планира обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Ќе се санира електричната инсталација, водоводот, соларниот систем за топла вода.
-
Македонија 26.06.2015 10:44
Европскиот Совет ќе ги усвои заклучоците за Македонија
Денеска Европскиот Совет треба да ги усвои заклучоците за Македонија кои беа предложени на 22-ри овој месец од Советот за општи работи на Европската Унија.
-
Македонија 26.06.2015 10:40
Премиерот Груевски на бизнис форум во Париз
Македонска владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски е на бизнис форум во Париз.
-
Македонија 25.06.2015 17:35
Николоски претседаваше со ПССЕ
Ова беше фрагмент од седницата на ПССЕ, воедно најстарата европска институција со која претседаваше македонски пратеник, истовремено и шеф на нашата делегација во стразбур.
-
Македонија 25.06.2015 17:34
Груевски: Препораките ќе ги имплементираме со многу брза динамика
На денешниот самит на најголемата политичка групација во ЕУ, Европските надорни партии (ЕПП), премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи можноста да го задржи фокусот на вниманието кон нашата држава.
-
Македонија 25.06.2015 16:28
Посетата на Коѕиас на Македонија во фокусот на грчкиот печат
Посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на Македонија се наоѓа во фокусот на грчките медиуми. Речиси сите информираат дека двете држави разговарале за единаесет мерки за градење доверба, пренесувајќи ја при тоа изјавата на Коѕиас дека довербата може да помести граници.
-
Македонија 25.06.2015 15:45
Промовирана втората Национална стратегија за безбедност на патиштата
Бројот на жртви во сообраќајни несреќи до 2020-та значително да се намали за 30 проценти, повредени за 40, бројот на деца- жртви да се сведе на нула. Ова е главната стратешка цел на Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на патиштата 2015-та 2020-та.
-
Македонија 25.06.2015 15:01
Јавна дебата за Законот за азил
Службите на МВР ги регистрираат првите барања за азил, но не прецизираат точен број. Од таму велат дека не се пријавени несреќни случаи на загинати или нападнати мигранти, а нема ниту забелешки од невладиниот сектор.









