Туристичките агенции со полни раце работа. И годинава избор за летување на македонските граѓани во екот на сезоната се плажите во Грција, Турција и Бугарија. Интерес има и за егзотичните дестинации. Туроператорите се задоволни од продажбата на аранжманите.
-
Македонија 23.06.2015 16:46
-
Македонија 23.06.2015 16:21
Заклучоци за Македонија во Советот на ЕУ
Советот за општи работи на Унијата денеска ќе ги усвои заклучоците за Македонија, според кои уште во април ова година беше изразена сериозна загриженост во врска со влошувањето на состојбата во земјата, особено во делот на владеење на правото, основните права и слободата на медиумите.
-
Македонија 23.06.2015 16:07
Млада девојка се самозапали во Градскиот парк во Скопје
Девојка на возраст меѓу 25 и 30 години се самозапали во Градскиот парк во Скопје. Се уште е непознат нејзиниот идентитет и мотивите зошто се решила на таков чекор да си го одземе животот.
-
Македонија 23.06.2015 15:03
Кривичниот суд на 1 јули ќе ги разгледува приговорите по обвинението за примање поткуп против Заев
Скопскиот кривичен суд на први јули на седница ќе ги разгледува приговорите во врска со обвинението за примање поткуп против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-
Македонија 23.06.2015 15:00
Нова мерка: Субвенционирано вработување на лица во социјален ризик
Преку субвенционирано вработување ќе добијат работа 134 невработени од семејства во социјален ризик. Ќе бидат опфатени најранливите категории граѓани кои се без работа.
-
Македонија 23.06.2015 14:42
Метео: Утре променливо време
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер.
Попладне се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни со појава на грмежи.
-
Македонија 23.06.2015 13:37
Кривична пријава за одговорни и службени лица во „Велеспром“
Секторот за внатрешни работи - Велес поднесе кривична пријава против службени и одговорни лица во „Велеспром“ за злоупотреби на овластувања.
-
Македонија 23.06.2015 12:46
Можност за вработување на лица во социјален ризик
Нова мерка за вработување објави Министерството за труд и социјална политика- субвенционирано вработување на лица во социјален ризик.
-
Македонија 23.06.2015 12:38
Коѕиас утре во Скопје
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Предвидени се и разговари со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и и со премиерот Груевски, соопштија од грчкото МНР.
-
Македонија 23.06.2015 11:16
Втор ден уписи во средните училишта
Втор ден од уписите за средно образование. Реномираните гимназии веќе со пополнети квоти, место повеќе се бара во средното медицинско училиште, а атрактивни се и правната и економската струка.










